Скокни до главната содржина

Петта сесија на Работна група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) “Следејќи го патот на парите: Зајакнување на механизмите за финансиски истраги“

Петата сесија на РГ 4 на тема – Следејќи го патот на парите: Зајакнување на механизмите за финансиска истрага е одржана во Тетово, на Универзитетот на Југоисточна Европа, на 7 јуни 2019 година. На сесијата присуствуваа околу 30 учесници од Минстерството за внатрешни работи, судии, обвинители, универзитетски професори, активисти на невладини организации, новинари и заинтересирани граѓани.

Отворајќи ја расправата копретседавачот на РГ 4, државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска образложи дека денешната, како и претходните сесии се детектирани како приоритетни теми за кои е потребно да се искристализираат натамошните чекори на патот кон членството во ЕУ. Во Извештајот на ЕК се констатирани постигнатите резултати во реформа на безбедносните структури, но и потребата за изградување на оперативни  капацитети за финасиските истраги, како што е итно формирање на посебна специјална единица за овој вид истраги.

Поздравувајќи ги учесниците  ректорот на Универзитетот на ЈИЕ, академик Абдулменаф Беџети истакна дека инклузивноста на процесот на евроинтеграцијата е негова особено важна карактеристика. Во таа смисла универзитетите се погодни места и имаат капацитет  да придонесуваат на оваа стратешка определба. Корпусот сврзан со стабилноста и безбедноста е важен елемент и за економскиот развој, кој доколку не е обезбеден може да доведе до егзодус на маладата популација, што особено ги загрижува.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најнапред потсети дека одлучна и неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата е приоритет на демократските држави и како таков се наоѓа во фокусот на активностите што се преземаат за превенција, спречување и борба со сите облици на организираниот криминал. Меѓутоа, за остварување на оваа стратешка цел не е доволно само ефикасно откривање и гонење на сторителите, туку и ефикасно одземање на криминалните приноси, кои се најчестиот мотив и главна движечка  сила на криминалците. Во изминатите години  е препозната потребата од водење на финансиски истраги, паралелно со истрагите за организиран криминал и согласно со тоа за градење на ефикасен систем кој ќе обезбеди конкретни резултати . За таа цел во Минстерството веќе постојат оргнизациони единици кои, меѓу другото, се надлежни и за финансиски истраги. За одбележување е случајот со кријумчарење мигранти од Македонија и Албанија кон САД и Канада, при што се притворени девет лица, а спроведена е и финансиска истрага која резултирала со замрзнување на 24 банкарски сметки на три правни лица и 53 банкарски сметки на четири физички лица.

Меѓутоа, според извршените анализи за поефикасно работење неопходно е да се изврши одвојување и формирање на специјализирани организациони единици. Таа потреба произлегува од обемот на предметите и сложеноста на активностите, кои бараат соодветни стручни познавања. Детектирана е и потребата да се развива мултидисциплинарен, но и координиран пристап во водењето на финасиските истраги, преку јакнење на капацитетите не само на Министерството за внатрешни работи, туку и на Јавното обвинителство, Царинската управа и Финансовата полиција. Наведените цели се имплементирани во Стратегијата за зајакнување на националните капацитети за водење финасиски истраги и конфискација на имот и со Акционен план. Веќе се започнати активностите за имплементација на Стратегијата со измена на актите на надлежните државни органи за работните места и создавање на посебни, специјализирани единици за водење на финансиски истраги. Така во МВР е предвидено формирање на посебна единица за водење на финасиски истраги во Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал.

Професорот Блерим Река истакна дека за интегрирањето во НАТО и ЕУ е клучно и актуелно исплнувањето на бараните стандарди. Така во Извештајот на ЕК од 29 мај 2019 година за нас се дадени во основа позитивни, но и низа критички забелешки, особено во Поглавјата  23 и 24. Во таа смисла конфискацијата на криминалните приходи треба да биде стратешки приоритет во национална борба против организираниот криминал, тероризам и високото-ниво на корупција. Инструментите за замрзнување, менаџирање и конфискација на криминалните добивки се уште не се доволно ефикасни, а за тоа е потребен и повеќе интегриран оперативе пристап. (Дополнувајќи го изнесеното коопретседателот на РГ Несторовска коментираше дека токму тоа е објаснувањето зошто ова тема е на дневниот ред на сесијата. Имплементацијата на предизвиците од поглавјето 24 во минатото долго време биле одложувани поради немање на политичка воља или доволен ентузијазам за воведување на промени.)

Професорот на Факултетот за безбедност Трпе Стојановски зборуваше за значењето на меѓународните инструменти за ефикасно гонење на финасискиот криминал. Притоа истакна дека РСМ ги има ратификувано сите меѓународни конвенции од областа на организираниот криминал, борбата против перење на пари и финасирање на тероризам и борбата против корупција. Земјата учествува во работата на сите меѓународни организации и институции кои имаат за цел да ја засилат меѓународната соработка во борбата против криминалот, вклучително и преку постапка за самооцена и оцена  наменета за дополнително усогласување на националните правни системи со меѓународните стандарди, како и со развивање на посебни механизми за размена на информации и соработка. Овие активности недвосмислено ја покажуваат определбата и политичката подготвеност за прилагодување на националното законодавство со меѓународните документи. Но, треба да се има предвид дека извештаите на ЕК констатираат напредок, али зборувааат и за немоќ на државата во докажување, гонење и пресудување на кривични дела од финансиски криминал, вклучително со ефективно одземање на криминалните придобивки.

Експертот Павел Хоркај зборуваше за словачкото искуство во справувањето со финасискиот криминал. Тој нагласи дека сетот на закони за криминални истраги, вклучувајќи и финансиските не е многу менуван, но она што е променето е различниот пристап кој довел и до зголемени резултати. Притоа при секоја криминална истрага се покренува и финансиска истрага, а главна поента е во конфискација на криминално стекнатата добит. На тој начин се остварува тотална деструкција на потенцијалот за криминални активности.  Од негова страна беа презентирани повеќе практични примери и резултати од финансиските истраги. Најлесни методи се применуваат кај нелегалениот шверц на автомобили, што е најчесто поврзано со Украина. Притоа како проблем се појавува складирање на конфискуваните возила за што треба да се обезбеди голем магацински простор. Посебен интерес предизвика случајот со големиот криминалец кој сопственоста на имотите ги пренел на трето лице, младиот 22 годишен внук. Со брза и детална истражна постапка, која била проширена и во странство утврдено е дека на основа на фиктивна лотариска добивка во Англија е депониран кеш во Унгарија, а отаму трансфериран во Словачка за купување на сопствености во вредност од 1 500 000 евра, кои биле предмет на дополнителни ивестирања со добит од 1 000 000 евра. Конфискувани се неподвижни имоти, возила, банкарски сметки и сета друга сопственост. Заклучувајќи го излагањето Хоркај потенцираше дека малите земји посебно треба да бидат концетрирани на финасиските истраги за нелегалните доходи и нивата акомулација, која може да биде употребена за корупција на институциите и за загрозување на владеењето на правото и правниот поредок.

Натамошната дебата беше посветена на отворена експертска анализа во која учествуваа судијата на Основниот суд Скопје 1 Весна Димишковска, обвинтелот од Специјалното обвинителство Лиле Стефанова, раководителот на секторот за финансиски криминал Јане Шилев, претставникот на Царинската управа Љиљана Живковиќ Давиткова, претседателот на ЕДРМ проф. Милева Ѓуровска и професорот Трпе Стојановски.  На Петатта сесија на РГ 4 како едно од најургентните идентитификувано е прашањето поврзано со зајакнување на националните капацитети во менаџирањето на финасиските истраги во согласно со препораките од Поглавјето 24. Релевантните учесници од државните структури, обвинители, судии, универзитетски професори, претставници на НВО ангажирани во областа на безбедност и експерт од Словачка дадоа забележителен придонес, одбележан и од повеќе иформативни медиум, во расправата за деликатното и доскора од јавноста мошне оддалечено прашање за активностите сврзани со криминалните и финасиските истраги.