Скокни до главната содржина

Прва сесија на Работна група 5 – Животна средина (Поглавје 27) – „Климатски промени: глобалните предизвици и националните можности“

Тема на сесијата: Климатски промени: глобалните предизвици и националните можности

Првата сесија на Работна група 5 (РГ5) – Животна средина се одржа на 17ти декември 2019 година (вторник) во Клубот на пратениците од 09:00-13:30 часот. Насловот на темата на сесијата беше: Климатски промени: глобалните предизвици и националните можности. Во работата на учествуваа 50 членови на работната група – претставници  од сите засегнати сегменти во општеството: пратеници, претставници на Владата (Министерство за Животна средина и просторно планирање, Секретаријатот за европски прашања, претставници на граѓански здруженија чија активност е поврзана со темата и со работата на РГ5, домашни експерти, експерт од Словачка, претставници од академската заедница и претставници на дипломатски претставништва.

Со првата сесија на Работна група 5 (РГ5) – Животна средина, ко-претседаваа Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, Државен советник за климатски промени во Министерството за Животна средина и просторно планирање и Елена Николовска од Центар за истражување на животната средина и комуникации, Еко – свест Скопје.

Во воведно обраќање Милева Ѓуровска, претседател на ЕДРМ и координатор на НКЕУ-МК истакна дека оваа Сесија го означува почетокот на новиот двегодишен циклус од работата на НКЕУ-МК додавајќи дека станува збор за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со пристапните преговори за членство во Европската унија. Споменувајќи дека Концептот за НКЕУ најпрво бил применет во Република Словачка и поздравувајќи го присутниот Амбасадор на Р. Словачка Г. Хенрик Маркуш, таа истакна дека во изминатиот период од две години КОнвенцијта постигна успех во дефинирањето на клучни прашања и препораки во насока на реформите во четирите поглавја во кои работеше. Осврнувајќи се на денешната сесија која разработува тема од Поглавјето 27 укажа на исклучителното значење на темата во светски рамки. Според Ѓуровска „крајно време е решавањето на проблемите поврзани климатските промени да станат главна тема за дискусија на нашите медиуми, во образованието, но и да го привлечат вниманието на политичките кругови, односно оние што носат политички одлуки. Ресурсите што се одвојуваат (или што треба да се одвојат) за справување со климатските промени во нашата држава не треба да се сметаат за трошок, туку како инвестиција во иднината“.

Во своето воведно обраќање Насер Нуредини – министер за Животна средина и просторно планирање истакна дека во Министерството се развива сериозен пристап кон климатските промени со што тие стануваат приоритет во активностите на Министерството. Реализација на целите кои произлегуваат од меѓународните платформи бара голема посветеност на сите актери, особено на државата. Со оглед на европските аспирации на нашата држава потребно потребно е посериозно да се размислува за европските стандарди за чија имплемнтација ќе биде потребна и со соодветна помош од страна на ЕУ. Укажувајќи на значењето на новите политики ја спомена Стратегијата за енергетика 2040 во која за прв пат се следат препораките од Европската унија за вклучување на енергетиката во подготовката на климатските планови, а во врска со декарбонизација (деактивирање на термоелектраните) и намалување на процентот на испуштање на јаглерод. Исто така, се осврна на имплементација стандарди во транспортните политики со цел да се намали загадувањето на воздухот што придонесува за ефектот стаклена градина. Министрот Нуредини осебно го истакна значењето на регионалниот пристап т.е. регионалната соработка во имплементација на зацртаните цели во политики. Неговото излагање го заврши со реченицата:„природата нема граници, последиците од климатските промени не засегаат сите„.

Според ко-претседавачката на сесијата Теодора Обрадовиќ – Грнчаровска постигнување на резултати во справувањето со климатските промени може да се постигне со транспарентно и заедничко учество на сите засегнати страни. Македонија е мала земја и има 30% помалку емисија на стакленички гасови по глава на жител од просекот на ЕУ-28. Меѓутоа ако овој податок се стави во однос на БДП (интензивност на трошење на енергијата), тогаш може да се заклучи дека нашата држава има приближно четири пати поголеми емисии на стакленички гасови во однос на просекот на државите членки на ЕУ. Тоа ја прави ургентна потребата да се биде дел оваа група со високи амбиции во поглед на климатските промени. Таа нагласи дека проблемот со  климатските промени не треба да се сфати само како обврска проилезена од законодавството на ЕУ, туку дека е од интерес за нашата држава што ќе овозможи економски раст и развој од кој ќе се генерираат „зелени„ работни места. Она што е поблиску до граѓаните се последиците од климатските промени што ги чувствуваат сите. Таа истакна дека веќе постојат национална база на податоци за различни аспекти на климатски промени – базирани врз научни истражувања и кои можат да се проседат на ВЕБ страницата:  (www.klimatskipromeni.mk). На овој план ја истакна посебната улога на Институтот за енергетика и одржлив развој при Македонската академија на науките. Европската легислатива (acquis) во овој домен се однесува само на намалувањето на климатските промени (митигацијата на климатските промени), а наѓата држава како кандидатка за членство во ЕУ е потребно да се посвети повеќе внимание на овој аспект. Климатските промени добија во значење во светски рамки со Копенхашкиот договор (2009), а уште повеќе со Договорот од Париз (2015). Ратификацијата на Амандманот од Доха (во процедура е ратификацијата на Кигали Амандманот) МК е групата држави кои што треба да дејствуваат според Договорот од Париз (по 2020 година), но се очекува и исполнување на претходните амандмани од Кјото. Законот за климатска акција кој сега е во подготовка ќе придонесе за промена на пристпот кон климатките промени – од проектно ориентиран пристап кон институционален. Како и министерот Нуредини, и таа истакна дека, иако сме мала држава сакаме да оставиме свој белег на меѓународната сцена, пред сè преку вклучување во одредени групации чија цел е да ги зголемат амбициите за дејстување кои не претставуваат листа на желби, туку се реални анализи и практики. Зголемувањето на амбициите мора да биде придружено со т.н. праведна транзиција, а тоа значи дека при процесот на декарбонизација ќе треба да се преземат мерки за амортизирање на социјалните последици, пред се на оние што се поврзани со преквалификации на работната сила која ќе ги загуби работните места при затврањето на термоелектраните. Во актуелниот момент граѓанските организации и другите чинители ја афирмираат потребата од стратегија за праведна транзиција која ќе напави проценка за потенцијалот за генерирање на зелени работни места.

Словачки искуства

Во поглед на прашањата поврзани со климатските промени Европската унија е исклучително активна – истакна Милан Звара. Се очекува новата Европска комисија во наредните пет години да врами нова слика на Европската Унија, а  еден од најголемите приоритети ќе се однесува на климатските промени. Што значи дека Македонија многу брзо и многу често ќе се соочува со политиките на Европската унија во рамките на прегварачкиот процес уште во самиот почеток при усогласувањето на законодавство со она на ЕУ. Словачкото искуство покажува дека е направен значителен напредок во поглед на климатските промени, и тоа балгодарение на имплементацијата на европските стандарди, но дека има уште многу работи кои треба да се направат. Посебно се задржа на детали за Шемата на ЕУ за трговија со емисии (EU ETS-ЕУ ЕТС) во Словачка, Интегрираниот национален план за енергија и клима, Развојната стратегија за намалување на јаглеродот до 2050 година, како и на најновите случување на ниво на Европската Унија.

Меѓу обврските за земјите во ЕУ, но и надвор од неа, Звара ги истакна оние што се однесуваат на обврските за известување за состојбите со климатските промени што произлегуваат од членството во ЕУ кои можат да се најдат на посочената ВЕБ страница како и во документите на Министерството за животна средина. Освен овие обврски за известување значајна обврска е е присуство на годишни состаноци коишто произлегуваат од Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите Нации. Со овие бројни состанувња по повод климатиските промени претседаваат државите кои претседаваат со ЕУ.

Според Звара најголема предност од членството во ЕУ претставува европеизацијата на земјата, потоа, примената на Законот за климатски промени на ЕУ и користењето на сретства од буџетот на ЕУ. Така, европеизацијата ѝ ја донесе на Словачка темата за климатските промени како многу важна тема за министрите. Се одржуваат разни средби на ниво на министри и премиери каде една од главните теми, или единствена тема  се климатските промени. Всушност важноста на темата се наметна и на администрацијата, бизнис здруженијата или компаниите за истите да бидат во тек со законските измени, како и меѓу младите и другите чинители. Она што беше научено во текот на европеизацијата беше дека проблемот со климатските промени не е само во надлежност на Министерството за заштита на животната средина, туку на сите институции. Препораките од Брисел придонесоа да се развие хоризонател пристап кон климатските промени и заштитата на околината, односно да се развие меѓусекторски пристап и решенија.

Појавувањето на посебна амбиција за климатските промени резултира од членството во ЕУ. Според Звара: „членките на ЕУ се многу амбициозни и таа амбиција се „прелева“ и во Словачка што иницира преземање на активности во врска со климатските промени и каде интересите на бизнисите одат секогаш после мерките за заштита на животната средина.“ Уште една таква придобивка е зелената транзиција. Во Словачка се присутни многу големи европски и меѓународни корпорации, што исто така е придобивка од европеизацијата, но и тие гледаат на оваа зелена транзиција како можност, а не како цел кој ќе води кон декарбонизирање. Државите – членки на ЕУ вршат постојан притисок за преземање на слични активности. А како дел од ваквиот притисок е и размената на информации и добри практики. Овој притисок има позитивни ефекти за придвижување напред на темите за климатските промени.

Во поглед на т.н. климатска неутралност која треба да се постигне до 2050 година, во Словачка донесена е  одлука за редукција на производството на електрична енергија од јаглен до 2023 година и запирање на ископувањето на јаглен до 2027 година (регионот на Горна Нитра). Ова е направено со помош на средства од ЕУ, но и под притисок на Брисел, а и со одлука на произведувачот на електрична енергија кој заради еколошките оптоварувања на цената на електрична енергија од гас и јаглен, производството на енергија го насочила кон нуклеарните електрани. Така, денес, 78% од производство на енергија во Словачка е со ниско ниво на јаглерод, а што е од суштинско значење за зачувување на технолошката неутралност (но ова не може да се обезбеди без зачувување на нуклеарната енергија). Со градењето на нови нуклеарни реактори 90% од производство на електрична енергија ќе биде без јаглерод.

Во текот на 2019 година Владата донела нова Стратегија за животната средина со која е поставена национална цел за намалување на емисија на јаглерод на исто ниво на ЕУ (-43%). Остварувањето на овие цели (45% до 2030) ќе се базира на воведување на обновливи извори на енергија и поголема енергетска ефикасност. Со новиот Закон за управување со јаглеродните емисии се издвојат дополнителни 2,5 милијарди евра за климатски инвестиции до 2030 година. На меѓународно ниво, оваа година Словачка придонела за Зелениот климатски фонд со 2 милиони американски долари со намера да продолжат со финансиски придонес во овој фонд и следните неколку години.

Според Звара, вториот најважен дел од предностите и придобивките што ги носи членството во ЕУ во областа на климатските промени е законодавството за климатските промени, односно Законот за клима кој стапува во сила автоматски со зачленувањето, како и повеќето од законите на ЕУ. Меѓу регулативите на ЕУ позначајни се:

  • Директива за Шемата за управување со емисии на ЕУ – ETS и приближно 10 споредни акти на ЕУ во врска со
  • Регулатива на ЕУ за употреба на земјиштето, промена на употребата на земјиштето и шумарство (LULUCF – Regulation on land use, land use change and forestry)
  • CO2 стандарди за автомобили, комбиња и тешки возила.
  • Законот за енергија што го покрива делот за емисијата на јаглерод и емисија на енергија, што исто така е значаен и за Македонија:
  • Директива за обновлива енергија и Директива за енергетска ефикасност.
  • Стандарди за енергетска изведба на зградите.
  • Многу помали закони и стандарди за енергетска и еколошка ефикасност.

Беше заклучено дека ЕУ има креирано обемна легислатива во однос на климатските промени која е прилично ефективна во регулирање на процесот на намалување на јаглеродните емисии и во поглед на енергетската ефикасност. Меѓутоа т.н. „зелен договор“, не претставува само легислатива, туку го вклучува и т.н. нов климатски пакт, во кој се вклучени и јавноста, образованиот систем, а зелениот договор уште се состои од, енергетски дел, финансиски дел,  оданочување, од земјоделски дел, исто така и од други сектори што не се стриктно климатски, но придонесуваат за ублажување на климатските промени.

Најважниот дел од предностите и придобивките што ги носи членството во ЕУ во областа на климатските промени претставува финасирањето. Големи финансиски средства за справување со климатските промени доаѓаат од Брисел, всушност 25% од Буџетот на ЕУ директно или индиректно е наменет за ублажување на последиците од климатските промени. Звара прикажа како би се одвивало  финансирањето на климатските промени во Словачка по 2020 година:

  1. Буџет на ЕУ (25%), односно од 6 до 9 милијарди евра до 2027 година. Проценето – од 2021 до 2050 година Словачка може да добие од 25 до 38 милијарди евра само од буџетот на ЕУ.
  2. Фонд за модернизација (ЕТС) – 1,3 милијарди евра до 2030.
  3. Фонд за животна средина (остварени приходи од словачки ЕТС – аукции) – 1,2 милијарди евра до 2030.

Се очекува финансирање на проекти и од други европски фондови (Швајцарија и Норвешка). Од Фондот за иновации (ЕТС) кој изнесува 11 милијарди за цела ЕУ кој можат да го користат компаниите. Тука е и механизмот за праведна транзиција кој изнесува 100 милијарди евра за цела ЕУ до 2030 година. Се очекува и од Европската банка за инвестиции фонд од 1 трилион евра наменет кој ќе се дистрибуира како заеми за ублажување на климатските промени.

Својот пристап кон темата Александар Дединец го започна цитирајќи го Томас Едисон кој некаде во триесеттите години од ХХ век изјавил: сите пари би ги вложил во соларната енергија, се надевам дека нема да чекаме да ги истрошиме фосилните горива за да користиме соларната енергија.

Според него одржливиот развој е развој кој ги задоволува потребите на сегашноста, без да се загрози можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби. Одржливиот развој се базира на три столба: животната средина, економијата и социјалата, така што отсуството на кој било од овие столбови го загрозува постоењето на одржливиот развој. Односно, за да имаме одржлив развој неооходно е да постои синергија помеѓу нив.

Континуирано зголемување на концентрациите на јаглерод диоксид (CO2) во воздухот: за 26% во периодот од 1959 до 2019, од 315 ppm на 413.7 ppm. Најголемо зголемување е забележано во периодот  помеѓу мај 2018 и мај 2019 и тоа изнесувало 3.5 ppm, а просечната температура се зголемила за 1.1 0C споредено со периодот пред индустријализацијата. Според Дединец има многу сценарија во која насока би се одвивало зголемувањето на температурата на планетата кои се движат од 1,5 0C кај оние најоптимистичките, па се до 60C кај оние што се најпесимистички. Дека постои промена на ставовите кон климатските промени како последица на испуштање на стакленичките гасови особено по 2015 година, укажува потпишувањето на Договорот од Париз од страна на сите држави – вклучувајќи ја и РС Македонија. Догворот обврзува секоја од државите да придонесе за намалување на емисијата на стакленички гасови на начин соодветен на на националните услови. Но, она што е значајно да се истакне е дека и во случај да сите земји од светот целосно ги остварат зацртаните акции за намалување на емисијата на стакленички гасови, температурата ќе се зголеми за 2,5 0C, односно од 2,5-2,8 0C, што значи дека овие мерки, договорени во Париз, не се доволни за да се запре зголемувањето на температурата на планетата. Поради амбициозноста на целите некои од земјите потписнички на Договорот од Париз, го напуштија истиот. Значајна придобивка е стекнување на нов легитимитет на прашањето за климатските промени и утврдување на потребата за кординиарни регионални и светски активности за имплемнтација на концептот за одржлив развој. Се очекува Догворот од Париз да поотикне нови иницијативи, слични на оние по потпишувањето на протоколот од Кјото (1997) иако тој е потпишан само од држави кои што учествуваат со 14% во емисијата на стакленички гасови на светско ниво. Протоколот од Кјото иницираше многу мерки за намалување на емисијата на стакленичките гасови, а како една од подобрите е изградбата на ветерните електрани кои речиси и да ги немало во тој период. За споредба во 2005 година имало 50 GW инсталиран капацитет на енергија добиена од ветер, а во 2018 – 590 GW инсталиран капацитет.

На светско ниво, посебно се посветува внимание на потрошувачката на електрична енергија, затоа што производството на електрична енергија учествува со над 70% во емисијата на стакленички гасови. Во 2014 година имало потрошувачка од 23000 TW часови електрична енергија, а сценаријата за иднината (2040) нужно опфаќат енргетска транзиција. Енергетската транзиција опфаќа две генерални мерки: енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Во 2014 година учеството на обновливи извори во производството на електрична енергија било 6%, а во 2040 година треба да биде 37%. Доколку се оствари ова сценарио т.н Сценарио 450 зголемувањето на температурата би било за 2,0 0C.

Европски политики за справуање со климатски промени. ЕУ е една од светските лидери во делот за справување со последиците од климатските промени. Политиките на ЕУ во овој домен им се наметнуваат и на државите-кандидатки за интеграција кои се заопкружени во Поглавјето 27 од пакетот за претпристапни преговри. Ова поглавје е обемно и вклучува приближно 200 правни акти. Во процесот на преговарање тие се групирани во 75 правни групи на правни акти, односно: квалитет на воздух, справување со отпад, квалитет на вода, климатски промени, заштита на природата, индустриска контрола на загадувањето и други.  Европската Унија е прилично амбициозна на овој план. Се предвидува до 2050 година да се намали емисијата на стакленички гасови за 95% (50% од обновливи извори на енергија и 45% од енергетска ефикасност). Воочената тенденција за тесната поврзаност меѓу растот на БДП и растот на потрошувачката на енергија треба да се промени. Економскиот раст не мора да биде следен  со раст на потрошувачката на енергија што се постигнува по 2011 година.

Македонски пристап кон климатските промени. Во РСМакедонија, во вкупниот обем на стакленички гасови производството на енергија учествува со приближно од 65% до  73%. Но, се забележува и „транзициско опаѓање на стакленички гасови “ – и покрај тоа што не се преземаат некои посериозни мерки. Тоа се должи на намалувањето на користење на јагленот како суровина за производство на електрична енергија. Иако ова не е резултат од примена на некакви систематски мерки, потребно е ваквата состојба да се институционализира во насока на иницирање на праведна транзиција, за да не се случи да останеме без производни капацитети на електрична енергија.

Стратегија за енергетика. Таа е изработена врз основа на петте столбови на Европската Унија и нашата држава е меѓу првите во енергетската заедница што подгвотви ваков документ. Во Извештајот за напредок на РС Македонија за 2019 година се препорачува до 2020 година да се донесе План за енергија и клима чија ефективност ќе биде поголема со консолидирање на Законот за енергетика донесен во 2018 година. Визијата на Стратегијата за енергетика е: „сигурен, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем што е способен да го поддржи одржливиот економски раст на земјата“.

Ефикасната на енергетска транзиција и за развој на енергетскиот систем можат да се зголемат со влегувањето во ETS системот или со воведување каква било CO2 такса, истакна Дединец.

Во нашата Стратегија дефинирани се пет столбови кои имаат мало отстапување од оние на ЕУ со оглед на тоа што сме мала држава:

  1. Енергетска ефикасност,
  2. Интеграција и безбедност на енергетските пазари,
  3. Декарбонизација,
  4. Истражување, иновација и конкурентност,
  5. Правни и регулаторни аспекти.

За секој од нив е креиран засебен индикатор за да може да се следи реализацијата на Стратегијата: енергетска ефикасност, енергетска зависност,  емисија на стакленички гасови, уделот на обновливи извори, вкупни трошоци на системот и правни и регулаторни аспекти.

Стратегија има  дефинирано мерки кои треба да се преземат како и проценка колку секоја од нив придонесува за заштеда на енергија. Значаен аспект на Стратегијата е раздвојување т.е. зголемување на потребите за енергија е реалност, но релност е и намалување на нејзината потрошувачка (користење на енергетски ефикасни технологии со помала потрошувачка на енергија).

Декарбонизација и економски мерки за премин  кон обновливи извори на енергија. Во овој сегмент е направена листа на приоритетни политики и мерки како и дефинирање на инстанциите кои нив треба да ги имплементираат. Приоритет од прв ред има производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, односно транзиција која што на некој начин веќе е започната. Продолжува со работа термоелектраната во Битола во еден преоден период до воведување на CO2 такса која ќе влијае на цената на производство на електричната енергија со што се доведува во прашање конкурентноста на термоелектраната. Со воведувањето на CO2 таксата во 2023 година цената на производството континуирано ќе расте до 2030 година. Високата цена на производството на старите извори на енергија ќе ги поттикне инвестициите во обновливи извори на производство на електрична енергија (особено во соларни и ветерни електрани).

Особено е значајно во нашата ситуација да се извршат промени во начинот на кој се загреваат (или ладат) домаќинствата и комерцијалниот сектор. Потребно е да се употребуваат поефикасни технологии (како топлотни пумпи – инвертерите) што ќе ја заменат нееколошката и неефикасната употреба на биомаса. Со Стратегијата се предвидува обновливите извори на енергија да се зголемат за најмногу 45%, а топлотните пумпи, односно клима – инвертерите уќестуваат во зголемувањето на учеството на обновливите извори со 3%.

Се очекува намалување на емисијата на стакленичките гасови во сите сценарија, освен во референтното сценарио што покажува дека Стратегијата е поамбициозна од донесените националните придонеси доставени во Париз во 2015 година.

Цената на мерките за климатски промени. Според Дединец тие чинат многу скапо. Во ЕУ постојат фондови кои што ја поддржуваат декарбонизацијата и енергетската транзиција. Во нашата држава енергетската транзиција во периодот до 2040 година би чинела од 9 до 17 милијарди евра, а најголемиот дел од средствата се во делот за енергетска ефикасност. Сите овие средства не доаѓаат само од Владата, туку и од граѓаните преку инвестициите во поефикасни енергетски технологии и во енергетски ефикасни објекти. Според зеленото сценарио со вложувањето од 17 милијарди евра се заштедува 7,5 милијарди евра во потрошувачката на гориво заради користењето на поефикасните енергетски технологии. Со зеленото сценарио може да се намалат емисиите на стакленички гасови до 65%,  а 45% според референтното сценарио, а со зголемување на учеството на обновливи извори на енергија.

Двогодишни извештаи за климатски промени. Тие се подгвотуваат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање во партнерство со УНДП. Во последниот двогодишен извештај за климатските промени предложени се голем број на мерки кои се претставени на т.н. крива на маргинални трошоци со цел да бидат појасни за политичарите. Секоја мерка се поврзува со цената на чинење и со нивото на намалувањето на емисиите на стакленичките гасови од истата. Така, 80-90% од мерките се со двојна добивка –ги намалуваат емисиите на стакленичките гасови, но со пониски цени споредено со некоја референтна опција. Според овој извештај се очекува да се отворат 6.500 нови „зелени“ работни места, со прогноза дека оваа бројка ќе биде значително поголема во третиот двогодишен извештај за климатските промени.

Праведна транзиција. Елена Николовска го истакна значењето на ревизијата на националните придинеси, креирањето на закон и стратегијата за климатска акција и интегрираниот план за клима и енергија. Станува збор за активности кои што граѓаните и граѓанските здруженија не ги препознаваат како клучни во овој момен. Овие активности би придинесле за националните придонеси кон климатските промени и легитимирање на амбицијата и целите за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2050 година. Николвска додаде дека „иднината на нашата земја ќе биде далеку пубава без согорување на јаглен„. Во повеќе документи на ЕУ се укажува дека после 2030 година согорувањето јаглен ќе биде непожелно.

Праведна транзиција подразбира транспарентно учество на сите засегнати страни (државата т.е. министерствата, граѓанските здружениј и други заинтересирани граѓани) во носењето на климатските политики, но исто така и во процесот на праведната транзиција. Потребно е да се изгради модел на редовно информирање на јавноста и изградба на комуникациската структура, на пример, снимање на кратки видеа за информирање на граѓаните.

Во контекст на праведната транзиција на енергетскиот сектор, не треба да се мисли дека тука се опфатени само вработените во термоелектраните, туку вработените и во секторите кои ги опслужуваат нив. Така, според годишниот извештај за работење на ЕСМ (2018) просечниот број на вработени изнесува 4.754 вработени од кои околу 3.500 вработени се во термоелектраните РЕК Битола и Осломеј. Според Николовска потребно е да се направи проценка на работоспособното население во регионите каде термоелектраните се активно бидејќи такви не постојат.

Праведната транзиција ги засега и другите сектори кои имаат емисии на стакленички гасови, како на пример, производството на цемент. Исто така, засегнати се и секторите кои трпат загуби поради последиците од климатските промени, на пример туризмот. За да се спроведе праведна транзиција која значи пронаоѓање на релевантен економски модел на развој неопходни се детални анализи, а пред се релевантна статистика. Афирмацијата на одржливот развој и инвестициски поволности можат да привлечат јавни и приватни финансии кои ќе овозможат имплемтирање на целите на праведната транзиција т.е. ниско јаглеродна економија.

Во текот на дисусијата ко-претседавачот Обрадовиќ-Грнчаровска истакна дека е добро како препорака да се создаде пакт за климатски промени или пакт за клима, укажувајќи дека имало еден таков обид во минатото кој што не успеал.

Проф. д-р Михаил Корчуловски предложи препорака: здравствените придобивки или предизвици да се стават во националните придонеси. Понатаму тој истакна дека ние говориме за потрошувачка на енергија и за климатските промени, што е поврзано и со загадувањето на воздухот, но дискусијата ја задржа на потрошувачката на енергија.  Тој истакна дека во урбаните средини го имаме ефектот на топлотни или вжештени острови што се резултат на негрижата на локалните управи кои што дозволуваат прекумерно градење со што се губи зеленилото, а со тоа се создаваат услови за големи температурни разлики (и до 50C) помеѓу периферијата и центарот и која во иднина ќе расте уште повеќе, што ќе предизвика поголемо трошење на енергија за ладење. Според нивните процени зелените простори во Скопје се намалиле од 15m2 на 11m2 што претставува големо намалување за период од 30 години. Во однос на аспектот на загадувањето на воздухот кое поврзано со климатските промени и намалувањето на зеленилото, како здравствени експерти имаат направено проценка дека здравствените трошоци само за Скопје до 2100 година би достигнале до 1,5 милијарди евра годишно.

Во овој контекст на претходното се истакна и потребата од градење на енергетски ефикасни станбени објекти, како и загревање со енергетски ефикасни уреди (топлотни пумпи, сончеви колектори, печки на пелети), и приклучување на централното греење. Се нагласи потребата од поддршка на социјално загрозените категории за амортизирање на енергетската сиромаштија. Исто така, беше нагласена и потребата од образование за клима кое недостасува во државава во кое би се опфатило и економските, технолошките, социолошките, правните, здравствените и други аспекти.