Скокни до главната содржина

Kickoff средба на Работна група 2 – Социјална политика и вработување (Поглавје 19)

На 11.05.2021, преку zoom повик, се оддржа Kickoff средбата на Работната група 2, која имаше за цел да го официјализира почетокот на вториот дел од реализирањето на проектот, подржан од USAID.

На состанокот учествуваа:

Милева Ѓуровска – Национален координатор на НКЕУ-МК

Јадранка Мршиќ – Координатор на Работна група 2

Габриела Маџоска – Копретседавач од Министерство за труд и социјална политика

Кристијан Трајковски – Центар за истражување и креирање политики

Ангел Димитров – Организација на работодавачи

Македонка Радуловиќ – Универзитетски професор на Филозофскиот факултет

Лазар Јовевски – Универзитетски професор на Правниот факултет

Јован Пејковски – Универзитетски професор на Филозофскиот факултет

Никола Јазаџиски – Проектен асистент

На почетокот на состанокот Националниот координатор Милева Ѓуровска, ги образложи барањата на проектот, односно посочи дека резултатот е најважен, што значи важно е да се помогне во подобрувањето на состојбите макар и минимално. Исто така беше презентиран и работниот план, направен во консултација со секоја работна група, кој е прилично детален и ги определува датумите на подготвителни средби и на сесиите, како и другите активности во проектот.

Со оглед дека првата сесија е закажана за 15 Јуни, нагласено беше дека темата треба да се одбере на денешниот состанок. Како една од промените со новиот циклус е и поголемото вклучување на младите во сесијата, но за жал иако поканети, не се одзваа на поканата за овој состанок.

Сите учесници беа навистина среќни што проектот продолжува и ги споделија своите идеи за следната сесија. Имаше идеи за тоа кои младински организации може да се вклучат во програмскиот совет како младински претставници, а се дискутираа и потенцијални гоорници на сесијата.

Низ дискусијата се дебатираа неколку различни теми, но на крајот присутните се сложија темата на оваа сесија да биде „Ефективноста на младинските политики за вработување“, која е генерална тема и има простор за допрецизирање. Тие се согласија да напишат кратки абстракти и да ги испратат на Проф. Ѓуровска, со цел да таа да ги систематизира во еден документ и да стапи во контакт со Словачкиот експерт.

Следна средба е закажана за 25 Мај 2021.