Скокни до главната содржина

Првичен состанок на Работна Група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23)

На 21.05.2021, преку платформата zoom, се одржа првичниот состанок на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23), на кој учествуваа:

Милева Ѓуровска, Национален координатор на НКЕУ-МК;

Александра Деаноска, Координатор на Работна Група 3;

Мухамед Халили, Копретседавач на работна група 3;

Никола Тупанчевски, професор по кривично право;

Оља Ристова, Судија.

Проф. Ѓуровска најпрво го објасни начинот на кој работи USAID, односно приоритетите на проектот. Особено внимание беше посветено на младинското вклучување. Се отворија многу теми кои можат да бидат дел од следна сесија на работната група 3, што го покажува интересот на оваа работна група активно да работи на предизвиците.

На крајот се зборуваше и за перманентните словачки експерти, кои се отворени за соработка и треба да се користат што повеќе за искористување на нивното знаење и искуство.