Скокни до главната содржина

Состанок со словачкиот експерт во РГ2

На 31.05.2021 Програмскиот совет на Работната група 2, Социјална политика и вработување, одржа консултативен состанок со експертката од Словачка, Ивана Улична.
Се разменија информации за одредени прашања кои ќе бидат дискутирани на сесијата која треба да се одржи на 15 јуни 2021 година. Според Улична, состојбата со младите во РС Македонија е слична на состојбата во Словачка веднаш по членството во Унијата: висока стапка на невработеност, одлив на млада работна сила особено од источниот дел на Словачка, тенденција на младите за студирање без оглед на можносите за вработување и други проблеми кои ги имаат младите во РС Македонија.
На сесијата беа присутни: Ивана Улична, Лазар Јовевски, Габриела Маџовска (МТСП), Славица Кузмановска (Јуридика), а од тимот на НКЕУ-МК беа присутни Милева Ѓуровска, Никола Тодорвоски и Никола Јазаџиски).