Скокни до главната содржина
Usaid Slovakaid Sfpa Evropsko dvizenje

Првичен состанок на Работна група 5 – Поглавје 27 (Животна средина)

Денес, на 03 Јуни, се оддржа првичен состанок на Работната група 5, Поглавје 27 – Животна средина. На средбата присуствуваа:

Теодора Грнчароска – Претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање, Бојана Станојевска – Пецурковска – Центар за климатски промени, а од тимот на НКЕУ-МК, присутни беа: Милева Ѓуровска -Национален координатор и Никола Јазаџиски – Проектен асистент.

На состанокот се разговараше за улогата на секој од учесниците во Програмскиот совет, структурата на  проектот, улогата на засегнатите страни дискусијата на прашања поврзани со поглавјето 27. Се зборуваше за карактеристиките на поглавјето, активностите на граѓанските здруженија, како и сложеноста на самото поглавје.

Беше дискутирано и за улогата на словачките експерти и на нивниот придонес кон поглавјето 27, а објаснета беше и улогата на USAID во проектот, како и можностите кои се нудат во однос на странските експерти и како тие можат да придонесат во следните сесии.

Се заклучи дека е потребна поголема соработка со експерти од регионот, кои можат да помогнат со своето искуство, во размена на искуствата кои тие ги имале во текот на преговорите, како некои кои би го донеле искуството и знаењето на процесот за пристапување.

На крајот договорено беше да се оддржи уште еден состанок поблиску до датумот, со цел дефинирање на начинот на функционирање на работната група но и за оддржување на сесијата, како би можеле да се организираат сите потребни работи.

Следната сесија на РГ5 е закажана за 30 Ноември 2021 година.