Скокни до главната содржина

Состанок на програмскиот совет на Работна група 4 – Правда, Слобода и Безбедност (Поглавје 24)

Програмскиот совет на Работна група 4 – Правда, слобода и безбедност имаше состанок со цел дефинирање на датумот и темата на следната, 10 сесија.
На овој состанок присуствуваа:
Милева Ѓуровска, Национален координатор, Никола Тодоровски, координатор на РГ4, Андреј Лепавцов, копретседавач, Магдалена Несторовска, копретседавач, Трпе Стојановски, експерт, Димитар Николовски, експерт и Никола Јазаџиски, проектен асистент.
По долга дискусија, каде беа дискутирани повеќе теми, учесниците се сложија да разговараат за критичната инфраструктура. Во однос на датумот, тие се сложија сесијата да се одржи на 26 Јануари 2022. Исто така, договорено беше да се остане во контакт и да се финализираат потенцијалните учесници и панелисти кои би присуствувале на сесијата, кои би дале голем придонес на темата.