Skip to main content
Delegation of EU to MK
Evropsko dvizenje
Sfpa

Состанок на Програмски совет на работна група – 2, Социјална политика и вработување (Поглавје 19)

На 01.02.2022, се одржа програмски совет на работната група 2, на кој учествуваа:

  • Проф. Милева Ѓуровска, национален координатор на НКЕУ-МК и претседателка на Европско движење,
  • Проф. Јадранка Мршиќ, координатор на работна група 2
  • Проф. Лазар Јовевски, експерт, Правен факултет Јустинијан први
  • Ангел Димитров, експерт, Организација на работодавачи
  • Габриела Маџоска, претставник од Министерство за Труд и социјална политика
  • Никола Јазаџиски, проектен асистент

Според Годишниот план на активности на НКЕУ-МК, во текот на јануари 2022 година требеше да отпочнат подготвките за одржување на 10-та сеија на РГ-2. Поради одрдени тековни состојби (нова динамика во работењето на Владата) овие активности се пролониграа за еден месец. Така работниот состанок се одржа на 01.02.2022 година. Целта на состанокот беше да се разговраа за темата на сесијата и за датумот на нејзионото одржување.

Беше истакнато дека сесијата би требело да се одржи во почетокот на Март 2022, а за соодветен датум беше посочен 04.03.2022 (петок). Исто така, беше наговестена средба со новата министрка за труд и социјална политика Г. Јована Тренчевска која во претходните циклуси беше и копреседавач во РГ -2.

Потоа следеше дискусија за избор на темата на сесијата. Главно, дискусијата се водеше околу две теми. Едната тема се однесуваше на проблемот поврзан со неформалната економија, а другиот со проблемите поврзани со вклучувањето на лицата со попреченост на пазарот на трудот. Во дискусијата на членовите на програмскиот совет беше истакнато дека неформалната економија е значаен проблем со оглед на фактот дека таа опфаќа над 30% од вкупноста на економските активности, но имаше и објаснување дека постојат многу анализи за овој проблем и веќе се донесени главните докумети за регулирање на оваа област. Исто така, беше наведен аргументот дека Во Националната програма за усогласување на националното закондовство со европското (НПАА) на неформалната економија ѝ е посветено значително внимание. Во однос на темата поврзана со економската инклузија на лицата со попреченост постоеше општа согласност дека оваа тема заслужува внимание и дел од НПАА во општата рамка за вклучување на лицата припадници на ризичните групи. Членовите на ПС одлучија да се работи на темата чиј наслов беше подоцна дефиниран како: Предизвиците во вклучувањето на лицата со попреченост на пазарот на трудот: европски практики и национални можности

Исто така, се дискутираше и за потенцијалните учесници и составување на листа на говорници и други дискутанти.