Скокни до главната содржина
Delegation of EU to MK
Evropsko dvizenje
Sfpa

Поглавје 18

ПОГЛАВЈЕ 18 – СТАТИСТИКА

Поглавјето 18 опфаќа усогласување на националната статистичка инфраструктура со принципите на ЕУ како што се непристрасност, сигурност, транспарентност, доверливост на индивидуалните податоци и достапност на кредибилна службена статистика. Тоа е основата за креирање јавни политики, што создава подобри услови за подинамичен социјален и економски развој.

Ова поглавје се состои од методологија, класификација, и процедури за прибирање на податоци во различни области, како што се макроекономски и ценовни статистики, демографска и социјална статистика, регионална статистика и статистика за бизнис, транспорт, надворешна трговија, земјоделство, животна средина и наука и технологија.

Не е потребно транспонирање во националното законодавство за статистика, бидејќи истото се состои претежно од регулативи.

I ОБЈАСНУВАЧКИ СКРИНИНГ I