Скокни до главната содржина

Се одржа Втората пленарна конференција на НКЕУ-МК, Скопје, 19 јуни 2019

Втората пленарна конференција на НКЕУ-МК се одржа на 19.06.2019 година во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Најпрво се обрати Министерот за надворешни работи на Р. С. Македонија, Г. Никола Димитров  кој се заблагодари за посебните залагања на Р. Словачка, како и за личната подршка на Министерот за надворешни работи Г. Мирослав Лајчак, за остварување на поголем напредок во Евроинтеграциските процеси на нашата држава. Посебно нагласи дека имплементацијата  на Националната конвенција за Европска унија претставува конкретен израз на  на таа подршка. Тој истакна дека напредокот кон евроинтеграциите е значаен, а позитивните сигнали за значајни постигнувања дојдоа и од Самитот на Европскиот совет во Луксембург на 18 јуни. Во однос на НКЕУ-МК, Димиров  истакна дека НКЕУ-МК е значаен  форум кој во многубројните сесии  вклучи повеќе од илјади чинители. Националната Конвенција им пружа помош на националните институции со цел успешно да се реализираат поставените задачи во која контекст ја спомена реформатата на Обвинителството како итна задача која ќе ќе ги забрза реформите во правосудството. „МНР, како и досега, ќе продолжи со сите можни средства да ја подржува НКЕУ „ истакна Министерот Димитров завршувајќи го своето обраќање.

Министерот за надворешни работи на Р. Словачка, Миросла Лајчак, посакувајќи и просперитетна иднина на нашата држава истакна дека таквата иднина ја гледа во Европската унија.  Националната конвенција ги обединува луѓето, им дава можности да споделат идеи и заеднички да го најдат патот кон подобра иднина. Конвенцијата оствари голем успех во Регионот на Западен Балкан, во Србија, Албанија, во Црна Гора. „Многу сум задоволен што во 2017 година започна и во Македонија. Усвојувањето на евроинтеграциските структури не може да се постигне со декорација. НКЕУ е од голема помош поради три причини: овзможува инклузивна јавна дебата за европската интеграција;  второ – ја институционализира јаваната дебата потикнувајќи партнерства на различни сгементи во општеството; трето – ги поврзува носителите на одлуки на сите нивоа на општеството. Заблагодарувајќи се на Европското движење како локален имплементатор и на СФПА истакна дека НКЕУ е солиден инструмент кој се употреби во Словачка во периодот кога таа заостануваше во евроинтеграциските процеси. Во неговиот говор се осврна и на актуелните состојби во Европската унија како политичка и економска унија, додавјаќи дека луѓето мора сами да почувстуваат дека е тоа е нивна заедница и дека од тоа имаат бенефити. Петнесет години по вклучувањетон а Словачка во ЕУ се случија повеќе кризи – економски, политички, популизам, Брегзит,  што резултираше со ниска  доверба кон Унијата поради што Словачка и денес се уште ја практикува Националната конвенција за да ја одржи јавната дебата и да ги едуцира младите во согласност со европските вредности. Да се биде член на ЕУ значи да се прават компромиси, да се мисли на другите. На крајот истакна дека ја охрабрува државата да продолжи кон истиот правец и дека Словачка и понатаму ќе ја подржува Македонија на овој пат.

Заменик на Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања Г. Бујар Османи своето обраќање го започна со фактот дека државата во моментот го живее својот круцијален момент во поглед на Европската интеграција споменувајќи ја одлуката на Европскиот совет од ден претходно, според која, добивањето на датум за преговри се одлага за неколку месеци. Напомена дека добивањето на датум за отпочнување на преговри не е подарок, туку одлука заснована на извршените задачи кои се нотирани во извештаите на ЕУ за напредок. Северна  Македонија е единствената држава во Регионот која ги исполнува условите, но сепак не добива датум за преговори. „Европската унија е фактор на интеграција во државата со исклучителна подршка на сите чинители. Експланаторниот скриниг внесе посебен ентузијазам во администрацијата, а граѓанскиот сектор и другите стејхолдери креираа силни темели врз се напредува во Унијата. Одејќи со крушни чекори кон Унијата сега бараме Унијата да биде отворена за нас„.

НЕ Самуел Жбогар, Шеф на Мисијата на Европската комисија во Р.С. Македонија истакна дека извештајот на Европската Комисија покажува дека земјата ги исполнува условите за членство но поради извесни аспекти во дијалогот и пристапот во некои од  државите – членки се очекува датумот за започнување на преговорите да биде оваа есен. „ Тоа што сум овде на оваа маса значи дека ја подржувам Националната конвенција за Европска унија, како и Европското движење кое овде ја имплементира „  – истакна тој во самиот почеток на своето обраќање.

Г. Артан Груби, Претседател на Комисијата за Европски прашања во Собранието на РСМ, најпрво се осврна на одлуката на Европскиот совет да го одложи почетокот на Пристапните преговори известувајќи за неговата писмена реакција до Претседателите на Комисиите за европски прашања во Националните парламенти на Унијата во која тој ги потсетува за целосната посветеност на државта, како и за напредокот остварен на тој план во изминате две години. „Кога основполжниците ја создаваа Европската унија тие носеа недвосмислени храбри одлуки за постигнување на мир на Континентот. Не верувам дека носејќи ги одлуките тие размислувале за тоа како да ги добијат следните избори„ истакна Груби.  Дополни дека во последните  две години направени се големи промени и дека признанието дека е напрвено дури и повеќе од тоа што е барано не носи сатисфакција. „ Ние не бараме да ги положиме испитите без да ги научиме 35 лекции. За нас е значајно добивањето на датум за  преговри, но тоа не значи дека ќе престаниме со учењето на лекциите. Сонот  на Р. С. Македонија за членство во Унијата  понекогаш наликува на кошмар – постојано одење, препотување, но никош не стигнувате бидејќи целта постојано се поместува.

Гречен Биркел Вршител на должност претставник на Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија, поздравувајќи ја соработката меѓу УСАИД и СловакАид изнесе заклучок дека сите претходно говорници ги истакнаа заложбите за интегрирање на Р. С. Македонија во западните инситуции тоа што го прави овој проект уште позначаен.  УСАИД е посветена да помогне во напорите на владата за остварувањето на развојните цели во насока на оваа интеграција. Многу е значајно да се оствара стабилност и економски развој за да може да се напредува  и во Европската интеграција.  Националната конвенција со своите четири работни групи претставува извондредна можност за вклучување на сите стејхолдери од граѓанското општество, владините институции и сите други. Таа има механизам за имплементирање на препораките кои се креирани од страна на експертите, а најважно од се е тие да бидат имплеметирани во практиката и да  се добијат конкретни резултати. Словачка е добар пример за тоа како една држава која кон крајот на 90 тие имаше потреба од помош и ја добиваше од УСАИД се трнасформираше во држава која дава помош. Ова партнерство меѓу УСАИД и СловакАид за подршка на Македонија е од исклучително значење и тоа продолжува понатаму со потпишувањето на Меморандум за соработка.