ПОГЛАВЈЕ 24 – ПРАВДА, СЛОБОДА И БЕЗБЕДНОСТ
Политиките на ЕУ во поглавјето 24 имаат за цел да ја одржат и дополнително да ја развиваат Унијата како област на слобода, безбедност и правда
Од државите-членки се очекува да бидат соодветно подготвени за правилно спроведување на рамка на заеднички правила која е во постојан раст. И тоа за прашања како што се: гранична контрола, визи, надворешна миграција, азил, полициска соработка, борба против организираниот криминал, борба против тероризам, соработка во областа на дрогата, царинска соработка, и судска соработка во кривичното и граѓанското право,
Пред сè, ова подразбира силен и добро интегриран административен капацитет во агенциите за спроведување на законот и останатите релевантни тела, од кои се очекува да ги постигнат потребните стандарди. Стручната, професионално неприкосновената и ефикасна полициска организација е од огромно значење.
Нај деталниот дел од политиките на ЕУ за правда, слобода и безбедност е законското право на Шенген, што подразбира укинување на внатрешните гранични контроли во ЕУ. Сепак, за новите држави-членки значителни делови од Шенген-правото се спроведуваат според посебна одлука на Советот која се донесува по пристапувањето.