Скокни до главната содржина
Delegation of EU to MK
Evropsko dvizenje
Sfpa

Поглавје 27

ПОГЛАВЈЕ 27 – ЖИВОТНА СРЕДИНА

Политиката за животна средина на ЕУ има за цел да промовира одржлив развој и да ја заштити животната средина за сегашните и идните генерации. Истата се темели на превентивно дејствување, принципот „загадувачот плаќа”, борба против извориштата на штета во животната средина, заедничката одговорност и интеграцијата на заштитата на животната средина во останатите политики на ЕУ.

Поглавјето 27 содржи преку 200 правни акти кои опфаќаат хоризонтална легислатива, квалитет на вода и воздух, управување со отпад, заштита на природата, контрола на индустриско загадување и управување со ризик, хемикалии и генетски модифицирани организми (ГМО), бучава и шумарство. Усогласеноста со законодавството за животната средина бара значителни инвестиции. Професионалната и добро подготвена администрација на национално и локално ниво е предуслов за правилна примена и соодветно спроведување на законодавството на животната средина.

I ОБЈАСНУВАЧКИ СКРИНИНГ I