Скокни до главната содржина
Delegation of EU to MK
Evropsko dvizenje
Sfpa

Повик за ангажман на експерт/и за подготовка на авторска анализа за Кластер 1 – „Темели“ во евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија

Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК, објавува повик за ангажман на надворешен експерт кој ќе подготви опсежна авторска анализа (50 страници) за напредокот, предизвиците и реформските потреби на Република Северна Македонија во Кластер 1 – „Темели“ во евроинтегративниот процес за периодот 2025 година.

Анализата треба да обезбеди крос-секторски преглед и длабочинска експертска проценка, со фокус на поврзаноста на поглавјата од Кластер 1 со владеењето на правото, интегритетот, транспарентноста и отчетноста во јавните институции.

1. Цели на ангажманот

Експертската анализа треба да обезбеди јасна, аргументирана и методолошки поткрепена слика за:

  • Состојбата во клучните области што се дел од Кластер 1,
  • Степенот на исполнување на реформските обврски во рамки на пристапниот процес,
  • Доминантните слабости и ризици,
  • Напредокот во владеењето на правото преку крос-секторски пристап,
  • Стратешки препораки за наредниот период.

Анализата треба да ги опфати следните компоненти:

  • Краток преглед на значењето на Кластер 1 – „Темели“ во новата преговарачка методологија.
  • Општа анализа на институционалниот, политичкиот и социјалниот контекст во кој се спроведуваат реформите.
  • Влијанието на крос-секторските прашања врз владеењето на правото (корупција, клиентелизам, институционален интегритет, транспарентност).

2. Анализа на релевантните преговарачки поглавја

Анализата треба да биде методолошки конзистентна и да содржи индикатори, трендови, процена на имплементацијата и критички осврт.

  • Поглавје 23 – Правосудство и темелни праваФункционирање на судскиот систем, неговата независност и интегритет. Основни права и слободи: еднаквост, недискриминација, заштита на човековите слободи и улогата на Уставниот суд во нивното гарантирање и унапредување
  • Поглавје 24 – Правда, слободи и безбедностАнализата за Поглавје 24 треба да ги опфати клучните области поврзани со владеењето на правото и безбедносните политики. Експертот ќе изработи оценка на институционалните капацитети на надлежните тела, со фокус на нивната функционалност, координација и интегритет. Потребна е анализа на политиките и практиките за борба против организиран криминал и корупција, како и процена на системот за конфискација на бесправно стекнат имот. Анализата треба да даде преглед на јавните политики за превенција и борба против злоупотреба на дроги и психотропни супстанции со опфаќање на криминалистичките и здравствени аспекти според европските насоки за креирање на јавни политики.
  • Антикорупциски инцијативи и нивна усогласеност со ЕУ кои треба да ги опфатат и поглавјата: 5, Јавни набавки, Поглавје 18 – Статистика, Поглавје 32 – Финансиска контрола

    Идентификација на клучните слабости во борбата против корупцијата. Клиентелистички практики и политичко влијание врз институциите. Состојба со отчетноста и транспарентноста. Влијанието на овие фактори врз владеењето на правото.
  • Препораки, компаративна и стратешка анализа

    Компаративна анализа со практиките во ЕУ и регионот. Заклучоци и препораки за институционални и законски подобрувања.

3. Квалификации и критериуми за избор

  • Докажано искуство во изработка на документи за јавни политики.
  • Познавање на Европската интеграција и областите од Кластер 1.
  • Способност за анализа на национални и меѓународни практики.

4. Потребни документи за пријавување 

Експертот/експертите е потребно да ги достави(ат) следните документи:

  1. Детално резиме (биографија) на македонски или англиски јазик, со преглед на релевантно искуство;
  2. Референци од претходни слични креирани документи (доколку се достапни).
  3. Финансиска понуда во форматот прикажан во Анекс 2.
  4. Пополнета и потпишана изјава од понудувачот Анекс 3.

Напомена:

Документацијата треба да биде испратена на secretariat@europeanmovement.org.mk не подоцна од 10 декември 2025 година, со предмет (subject): Пријава за експерт(и) за пишување на документ за политики или пак да биде доставена до канцеларијата на Европско движење на Ул. Коста Кирков бр.5/8.

Избраниот(ите) кандидат(и) ќе биде(ат) известен(и) по електронски пат. Со избраниот(ите) кандидат(и) ќе биде извршен и дополнителен разговор.

Проектот „Национална конвенција за европската унија на Република Северна Македонија – НКЕУ-МК“, го спроведува Европското Движење во Република Северна Македонија. НКЕУ-МК е граѓанска платформа за структуриран дијалог за прашања од реформските процеси на државата и исполнување на критериумите за членство во ЕУ интегративниот процес. Во дијалогот учествуваат претставници од различни засегнати страни (претставници на институциите, граѓански здруженија, бизнис заедницата, академски кадри и други професионалци).