НАЦИОНАЛНА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Втора сесија на Работна група 2 – Социјална политика и вработување
„Регулација на новите форми на вработување
во реформите на работни односи во Република Македонија“
26 Јуни 2018, Скопје
ПРЕПОРАКИ
1. Јасно законско дефинирање и регулирање на новите форми на работа (пр. Работен однос преку
дигитална платформа).
2. Појава на нови хетерогени форми на вработување ја наметнува потребата од анализа на движењата на
пазарот на трудот во Република Македонија.
3. Потребно е отварање на дебата за сензибилизирање на јавното мислење и институциите поврзана со
прашања кои се однесуваат на заштита на правата од работа и социјална заштита на работниците.
4. Флексибилизација и реформи на системот на социјално осигурување со цел да се обезбедат форми на
заштита на работниците.
5. Вметнување на нови форми на вработување во активните политики за вработување на Владата.
6. Обезбедување на Владини субвенции за формализација на новите форми на трудот и спроведување
на активна јавна кампања за придобивките од оваа мерка.
7. Партиципација на синдикатите, организациите на работодавачите и државата во дефинирање и
регулирање на новите форми на вработување.
8. Потреба од утврдување на разлика помеѓу она што легално може да се смета за работен однос од она
што е економска размена помеѓу независни договорни страни.
9. Зајакнување на професионалните кадри во инспекциските служби за доследно спороведување на
материјата за работни односи.
10. Утврдување на јасни критериуми за регулирање на работата од дома, за да се избегде примената на
субјективен пристап во донесувањето на мерки за забрана на работа од дома.
11. Усогласување на системските закони и подзаконски акти кои се однесуваат на вработувањето,
платите, осигурувањето, формите на организацијата на стопанските субјекти, оданочувањето,
образованието и претприемништвото (Закон за работни односи, Зкон за плати, Закон за трговски
друштва, Закон за претприемништво, Закон за персонален данок на доход, Законите за образование,
Закон за социјално осигурување, Закон за локална самоуправа).
12. Прецизирање на надлежностите на расчистување на работни спорови (Државна комисија за
одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен како и Судовите кои
решаваат работни спорови).
13. Воведување постапка за ревизија од работен однос (постапка од трет степен).
14. Државата да иницира на co-working простории за консалтативни средби меѓу лица кои понудуваат
или бараат нови форми на вработување.
15. Потребни се нови форми на договори со кои што ќе се регулира правниот статус на носителот.





