По повод одржувањето на Третата сесија на РГ – IV, Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) се одржа втор состанок на Програмскиот совет на Работната група. Состанокот се одржа на 26.09 2018 во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје. На него учествуваа копретседавачот на РГ – IV Магдалена Несторовска, експертите: Блерим Река и Трпе Стојановски, националниот координатор Милева Ѓуровска, координаторот на групата Никола Тодоровски, асистентите Никола Јазаџиски и Елена Гачева. Дискутирано е за претстојната Трета сесија на РГ – IV, како и за други активностите во идниот период. Учесниците се согласија тема на идната сесија да биде “Миграцијата и безбедносните предизвици”, а како термин за нејзиното одржување определен е 15 октомври (понеделник) 2018. Во дискусијата беше подвлечено дека потребно е да се посвети особено внмание на проблемите поврзани со нерегуларната миграција. Се очекува учество да земат и експерт од Словачка, како и претставниците на релевантни меѓународни организаци (IOM, OSCE, ICMPD, MARRI), граѓански здруженија кои дејстуваат на теренот: Црвен крст, Хелсиншки Комитет, Легис, и други.





