На 31.10.2018, во канцеларијата на Националната конвенција за Европска унија во Република Македонија, се оддржа состанок на програмскиот совет на Работна група 3. На овој состанок беа присутни: Милева Ѓуровска, национален координатор на НКЕУ-МК, Константин Миновски, координатор на Работна група 3, Мухамед Халили, копретседавач, Славица Зерајиќ, претставник од Министерство за Правда, Симонида Кацарска, Институт за Европски политики, Александра Деаноска, професор на правен факултет, Милка Ристова, судија во пензија, Никола Јазаџиски, проектен асистент. Темата на овој состанок беше дефинирањето на деталите околу следната сесија, која ќе се оддржи на 15.11.2018.
Прва точка за дискусија беа препораките, односно нивниот формат и нивната содржина, а разговарани беа и дел од нацрт препораките.
Потоа се дискутираше и за агендата, луѓето и институциите кои треба да бидат поканети и кои би допринеле за уште подобра дискусија на темата. Дебатирани беа и под теми и форматот на сесијата.
Освен престојната сесија, програмскиот совет продискутира и за потенцијални теми за следните сесии.







