Со оваа тема настојуваме да развиеме дебата и да донесеме препораки преку кои ќе ги приближиме граѓаните до политичкиот систем, но и политичкиот систем до граѓаните, од каде тој го црпи својот легитимитет. Овие прашања не се актуелни само кај нас, туку и во рамките на европската јавност, чија цел е да се надмине демократскиот дефицит.





