На 31 Мај 2021, преку платформата zoom се одржа првичен состанок на работната група 4. Најпрво националниот координатор Проф. Милева Ѓуровска најави дека проектот ќе трае уште најмалку 2 години и оваа фаза е подржана од USAID. Таа нагласи дека има одредени работи кои мора да бидат акцентирани, а тоа се заклучоците и резултатите.
Присутните беа среќни што проектот продолжува и дискутираа на повеќе теми во однос на идната сесија, која е планирана да се оддржи на 06 Јули 2021.
Темите кои беа дискутирани беа во однос на миграцијата, корупцијата, криумчарењето на миграни и трговијата на луѓе, како и за повратниците од Сирија и Ирак.
На крајот беше договорено да се дефинира темата во најбрз можен рок за да има доволно време за квалитетно да се подготви.
На средбата учествуваа:
Јованка Аврамовска – Државен советник за правни работи на држаниот секретар во МВР, Трпе Стојановски – Професор и експерт на НКЕУ-МК, Александар Нацев – Професор и експерт на НКЕУ-МК, Андреј Лепавцов – Амбасадор и копретседавач, додека од тимот на НКЕУ-МК присутни беа: Проф. Милева Ѓуровска, Национален координатор и претседателка на Европско движење, Никола Тодоровски – Координатор на работна група 4 и Никола Јазаџиски – Проектен асистент.






