Скокни до главната содржина
Delegation of EU to MK
Evropsko dvizenje
Sfpa

Препораки од Втора сесија на Работна група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) – “Кредитирање на земјоделството и агро-биснисот – усогласување и полесен пристап“

НАЦИОНЛНА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Втора сесија на РГ1 – Земјоделие и Рурален Развој

ПРЕПОРАКИ

Клучни насоки за подобрување на пристапот до кредити во земјоделството, агробизнисот и руралните средини

 

  1. Ефикасен информациско-комуникациски систем меѓу чинителите за подобар пристап до кредити во земјоделството, агробизнисот и руралните средини:
  • да се подобри информираноста за достапната понуда на финансиски услуги од приватниот и државниот сектор, како и за побарувачката на кредити;
  • да се развива комуникацијата преку градење меѓусебна доверба и партнерски однос;
  • да се вклучат поактивно сите чинители во заеднички активности (земјоделските производители, агробизнисот, земјоделските задруги, руралното население, банкарските и микрофинансиските институции, директно или преку нивните здруженија, давателите на советодавни услуги, државните институции).
  1. Знаење и вештини на клучните чинители:
  • да се спроведуваат континуирани обуки на: (1) потенцијалните корисници на финансиски услуги во земјоделството, агробизнисот и руралните средини (финансиска писменост, знаења и вештини за спроведување на развојни и одржливи проекти, водење на сметководствена евиденција на фарма); (2) давателите на советодавни услуги (избор на соодветна инвестиција, подготовка на бизнис планови, можности за финансирање, поддршка во процесот на сметководствена евиденција и апликацирање за кредит); (3) финансиските институции (специфики на земјоделството, агробизнисот и руралните средини, со цел прилагодување на кредитните услови, обезбедувањето и амортизациониот план).
  1. Државна поддршка за кредитирање:
  • да се одржи и надополни Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд (ЗКДФ);
  • да се дополнат механизмите за полесен пристап до кредити во земјоделството, агробизнисот и руралните средини, како субвенционирани каматни стапки (не само за проекти од ИПАРД), поволни комерцијални кредити преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБРП), поддршка на осигурувањето и слични мерки;
  • поактивно да се поддржат младите и жените, како и земјоделските задруги, со дополнителни поволности при кредитирањето.
  1. Гарантен фонд:
  • да се формира одржлив модел на државен фонд за гарантирање на дел од обезбедувањето на корисниците на кредит во земјоделството и агробизнисот.
  1. Структура на земјоделското земјиште:
  • да се воведат модели за поддршка на консолидација на земјоделското земјиште од страна на државата (обезбедување на државни гаранции за хипотеките и кредити за консолидација и обесштетување, третман на необработено земјиште).
  1. Договорно производство и редовна и навремена наплата на побарувањата:
  • доследно да се спроведуваат одребите од Законот за земјоделство и рурален развој и Законот за финансиска дисциплина.
  1. Други финансиски услуги врзани со земјоделството, агробизнисот и руралните средини:
  • да се создадат законски и други услови за функционирање на други финансиски услуги (на пр. факторинг, финансирање на вредносни синџири, осигурување на побарувања, шеми за гарантирање на обезбедувањето, и сл.);
  • да се подобри информираноста за алтернативните начини на финансирање.