Национална Конвенција за Европска Унија во Република Македонија
Прва сесија на Работна Група 4
„Воспоставување надворешен механизам за контрола на работата на полицијата“
ВО СОБРАНИЕТО НА РМ ОДРЖАНА ПРВАТА СЕСИЈА НА РАБОТНА ГРУПА 4- ПРАВДА, СЛОБОДА И БЕЗБЕДНОСТ НА НКЕУ-МК
Првата сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност на Националната конвенција за Европската унија во Република Македонија, што се одржа вчера во македонскиот Парламент беше на тема „Воспоставување надворешен механизам за контрола на работата на полицијата“.
Сесијата ја отвори професор д-р Милева Ѓуровска претседателката на Европското Движење во Република Македонија и Национален координатор на НКЕУ-МК, а потоа зборуваше Фросина Ташева Ременски, потпретседателка на Собранието на РМ и Емил Димитриев, поранешен претседател на Влада на РМ и пратеник. На присутните им се обратија и копретседавачите на работната група: Магдалена Несторовска, државен секретар во МВР и Андреј Лепавцов, поранешен амбасадор и претставник на Паневропската Унија во РМ
Според методологијата на НКЕУ-МК, која работи на принципот на пленарни сесии и по работни групи во Конвенцијата во моментов работат четири работни групи: Земјоделство и рурален развој (РГ1), Социјална политика и вработување РГ2), Судство и основни права (РГ3) и Правда, слобода и безбедност (РГ4), беа изложени анализите на експертите на РГ 1 на темата на дебатата. Експертот од Словачка, проф.Јозеф Меделски, проф.д-р Блерим Река проректор на УЈИЕ, како и проф.д-р Трпе Стојановски, Факултет за безбедност, а потоа се разви богата дебата, од која произлегоа предлози кои треба да бидат вградени во препораките од оваа сесија на РГ 4.






