Скокни до главната содржина
Delegation of EU to MK
Evropsko dvizenje
Sfpa

Прва сесија на Работна група 2 – Социјална политика и вработување (Поглавје 19) – “Општествена инклузија на ранливте групи на пазарот на трудот во Република Македонија“

Национална конвенција за Европската унија во Република Македонија 

Прва сесија на Работна Група 2

„Општествена инклузија на ранливте групи на пазарот на трудот во Република Македонија “

 

Во Собранието на Република Македонија се одржа првата сесија на Работната група 2-Социјална политика и вработување (Поглавје 19). Експерти, претставници на граѓански здруженија, претставници на синдикални организации, претставници на владата на РМ, претставници на стопански комори и други лица од стручната јавност дебатираа за мерките за поефективно вклучување на ранливите категории на невработени на пазарот на трудот. Беше истакнато дека Социјалната политика е широко подрачје кое е тесно поврзано со економијата, но сепак за решавањето на социјалните проблеми неопходни се мерки кои реално ќе бидат прифатливи со оглед на нивото на економски развој и капацитетот на стопанството, но и мерки за кои постои капацитет на остварување во релевантните институции. Беа усвоени конкретни препораки кои ќе бидат објавени.
Во отворањето на сесијата учествуваше Претседателот на Собраниската комисија за труд и социјална политика, Владимир Ѓорчев, Даниел Шкобла, експерт од Р. Словачка, Милева Ѓуровска, национален координатор на НКЕУ-МК, Нано Ружин -експерт, Светлана Трбојевиќ – експерт, Марија Ристеска коопретседавач на РГ- 2 (ЦРПМ), Дарко Дочински -коопретседавач на РГ- 2 (МТСП).