НАЦИОНАЛНА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Втора сесија на Работната група 4 – правда, слободи и безбедност
„АЗИЛ – меѓународна и привремена заштита“
- Законската усогласеност со ЕУ регулативата во значајна мера е направена со новиот Закон за меѓународна и привремена заштита (април 2018), но потребно е усогласување и на други закоски и подзаконски акти. Се препорачува целосно усогласување на подзаконската Регулатива со Законот за меѓународна и привремена заштита.
- Во имплементацијата на ЕУ Регулативите и Директивите поврзани со бегалската и мигрантската криза се препорачува балансирање меѓу двете вредности заштита на човековите правата на поединецот и гарантирање безбедноста на државата.
- Се препорачува следење на Европските политики во развојот и имплементацијата на примената на Концептот на безбедна трета земја. Потребно е во редовна постапка да се истражи причината поради која лицето ја напуштило земјата на потекло и престој се цел аргументирање на неговата основаност.
- Државните институции да овозможат неселективно право на пристап до процедурите за азил, како и до заштитните механизми кои треба да вклучуваат пристап до правна помош, лекар, како и можност за контакт со семејството. Се препорачува посебна грижа и похуман пристап кон децата и жените и лицата со посебни потреби во прифатните центри.
- Афирмација и имплементација на Истанбулската конвенцијаво во Националното Законодавство особено во сегментот на родово базирано насилство.
- Се препорачува зголемена соработка меќу релевантните институции, граѓанското општество и меѓународните организации активни во доменот на мигрантите и бегалците.
- Да се зголеми функционалноста на Регионалната Иницијатива МАРИ во развивање политики за подобра регионална соработка поврзана со меѓународната и приврементата заштита.
- Новиот Закон за меѓународна и привремена заштита донесува значајни новини за чие ефикасно спроведување е неопходна натамошна едукација и тренинг за полициските службеници, социјалните служби и другите субјекти кои ќе го спроведуваат.





