ПРЕПОРАКИ ОД ПРВАТА СЕСИЈА НА РАБОТНАТА ГРУПА 4: “ВОСПОСТАВУВАЊЕ МЕХАНИЗАМ ЗА КОНТРОЛА НА РАБОТАТА НА ЛИЦАТА СО ПОЛИЦИСКИ ОВЛАСТУВАЊА И ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА”
Национална конвенција за Европската Унија во Република Македонија
Работна група 4: Правда, слободи, безбедност
Прва сесија: Скопје, 29 март, 2018 година
Воспоставување на механизам за контролирање на работата на лицата со полициски овластувања и затворската полиција
ПРЕПОРАКИ
- Давање приоритет во постапката за донесување на Законот за измени и дополнувања на Законот за јавни обвинители и Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите
- Усвојување на подзаконски акти кои што, со концизно дефинирани одредби, ќе гарантираат ефикасно воспоставување и успешно функционирање на системот за надворешен надзор
- Воспоставување на алатка за постојано следење на новиот концепт за надворешен механизам за надзор и континуирано подобрување на работната методологија
- Организирање дебати во сите засегнати институции со вклучување на синдикалните организации со цел да се обезбеди успешен и ефикасен механизам за надворешен надзор во спроведување на законот
- Дизајн на програми за обука за сите засегнати страни во релевантните субјекти – засегнати страни од системот на механизмот за надворешен надзор
- Обезбедување високо ниво на транспарентност од сите засегнати страни во процесот на функционирање на новиот механизам за надворешен надзор со цел да се создадат услови за критичко разгледување и анализа на неговото функционирање од страна на граѓанското општество (професионално и јавно)
- Усвојување посебен документ – Акционен план со кој ќе се утврдат конкретните активности, засегнатите страни, крајниот рок за нивна реализација и можните фискални импликации, со цел да се обезбеди ефикасен методолошки пристап за целосно воспоставување на концептот на надворешен надзор за спроведување на законот, во насока на создавање на сите услови за негово функционирање
- Со функционирањето на овој нов механизам, акцентот врз контролата на работата на полицијата од една страна се зголемува, што секако е придобивка за секое демократско општество, но од друга страна, се наметнува и се препорачува понатамошно развивање стандардни оперативни процедури за примена на сите полициски овластувања, професионализација на вработените кои што ќе го проценуваат однесувањето на полицијата и нивната континуирана обука, што обезбедува одредена рамнотежа во рамките на овој нов концепт на надворешен надзорен механизам





