Прва сесија на Работната група 2 – Социјална политика и вработување
Тема:
„Социјално вклучување на ранливите групи невработени лица на пазарот на трудот во Република Македонија“
Скопје, 12 април 2018 година
ПРЕПОРАКИ
- Редефинирање на категоријата на невработено лице од аспект на утврдување на реалната состојба во доменот на пазарот на трудот и создавање соодветни политики за вработување. Постоечките прописи ги дискриминираат активните лица кои бараат работа, кои поради нередовно пријавување се бришат од државната евиденција и им се одбива правото да учествуваат во активни мерки. На штета на нив, пасивните баратели на работа можат во секое време да го променат својот статус и да ги користат активните мерки за труд по нивно барање.
- Поголема адаптибилност на активните мерки за труд кон потребите на локалната економија, земајќи ги предвид следните активности: обуки за дефицитарни занимања на локално ниво; воведување на практикантство во дефицитарни професии со паричен надоместок од 80% од минималната нето месечна плата; воспоставување на систем на контрола за редовното присуство и усвојување на работната содржина во спроведувањето на стажирањето
- Континуирано активирање на пазарот на трудот на лицата кои се изложени на ризик од социјална исклученост, особено корисниците на социјална помош. Промените во остварувањето на правата кои произлегуваат од социјалната заштита треба да бидат насочени кон поголемо активирање на корисниците преку нивно учество во активните мерки за вработување (формални обуки за поголема конкурентност на пазарот на трудот, обуки за стекнување на нови вештини, преквалификација и доквалификација).
- Зајакната улога на локалните центри за вработување во креирање на акциони планови за вработување на локално / регионално ниво. Изработка на акциони планови на ниво на осумте плански региони во Република Македонија и нивно финансирање од буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија.
- Либерализација во објавувањето на слободните работни места, давајќи им можност на работодавачите да наведат во огласот дали станува збор за формализација на работниот однос или има потреба за нов работник. Агенцијата за вработување треба да регистрира вработување со однапред договорени работни односи помеѓу работникот и работодавачот со цел да се утврди вистинскиот број на слободни работни места.
- Подобрување на соработката помеѓу центрите за вработување и центрите за социјална работа на локално ниво за поефикасно вработување на ранливите групи. Воведување на менторство за социјално вклучување, управувано од експерти во локалните центри за вработување и локалните центри за социјална работа.
- Трансформација на неформалните во формални работни места, вклучувајќи и неформални собирачи на рециклирани материјали, преку субвенционирано вработување.
- Имплементација на критериумите за признати лиценци / дипломи стекнати преку континуирано образование во процесот на систематизација на работните места.
- Поттикнување партнерства помеѓу локалните власти, здруженијата на граѓани, претпријатијата и другите засегнати страни за потврдување и развој на социјалното претприемништво
- Поттик за создавање мрежа за соработка на социјалните претпријатија во Република Македонија, како и формирање Центар за поддршка на социјалното претприемништво (мапирање на клучните актери во овој домен, обезбедување на консултантски услуги за формирање на социјално претпријатие)
- Обезбедување поддршка за социјални претпријатија од страна на локалните заедници (канцелариски простор и друга логистика). Обезбедување на пристапност на финансиски средства за социјалните претпријатија од Фондот за иновации и технолошки развој, кои што во моментот се користат само од Министерството за труд и социјална политика.
- Управување со социјално ранливите категории на невработени лица кон активности во социјалните претпријатија. Управување со дел од социјалната економија кон економија на грижа (economy of care).
- Развој на ефективен и функционален социјален дијалог за заштита на работничките права.
- Редефинирање на составот и моделот на функционирање на Економско-социјалниот совет на национално и локално ниво, како и негово усогласување со работата на Економско-социјалниот совет на ЕУ, во кој се вклучени организациите на граѓанското општество коишто претставуваат различни категории на социјално ранливи групи.





