Програмскиот совет на работната група – 3, Правосудство и основни права, одржа состанок на 25.09.2018 година во просториите на Филозофскиот факултет. Оваа средба беше со цел да се дефинира тема и датум за следната (трета) сесија на РГ 3. На средбата учествуваа: Милка Ристова, Проф. Александра Деаноска, Симонида Кацарска, Проф. Милева Ѓуровска, Проф. Константин Миновски, Никола Тодоровски и Никола Јазаџиски.
Потенцирајќи ја повторно важноста и сложеноста на поглавјето 23 од Пристапните преговри за Европска унија се одлучи да се дискутира на следната тема: „Преговорите во Поглавјето 23 (Правосудство и основни права): Што треба да се очекува?“, додека за датум се избра 15 Ноември 2018 година.






