Скокни до главната содржина

Состанок на Програмски совет на Работна група 2 – Социјална политика и вработување (Поглавје 19)

На 27.09.2018, во канцеларијата на НКЕУ-МК се одржа средба на работната група 2 – Социјална политика и вработување. На средбата присуствуваа: Проф. Милева Ѓуровска, Проф. Константин Миновски, Проф. Светлана Трбојевиќ, Ѓулен Мустафова, Маја Манчевска и Никола Јазаџиски.
Средбата беше свикана со цел да се избере датум и тема за третата сесија на Работната група 2.
Дискусијата беше долга и се дискутираа теми почнувајќи од:
законот за заштита од дискриминација, законот за заштита од вознемирување на работно место, законот за синдикално здружување и за социјалниот дијалог во општеството. Сепак како тема се избра: „Социјален Дијалог“, додека датумот за кој се согласија учесниците е 29 Ноември 2018.
Од дијалогот излезе и потенцијална тема за следната (четврта) Сесија која би била во доменот на законот за еднакви можности на жените и мажите.