Скокни до главната содржина

Состанок на Програмскиот совет на Работна група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11)

На 25.09.2018 година се одржа состанок на Работната група 1, Земјоделство и рурален развој на Националната конвенција за Европска унија во Република Македонија во просториите на филозофскиот факултет во Скопје. Цел на состанокот беше да се одлучи околу тема и датум за одржување на следната, трета, сесија на Работната Група 1. На состанокот присустуваа Милева Ѓуровска, Васко Хаџиевски, Емел Туна, Александра Мартиновска Стојчевска, Билјана П. Митревска, Никола Тодоровски, Љубо Пено, Билјна Костовска, Константин Миновски, Маја Манчевска и Никола Јазаџиски. 

По долга дебата, програмскиот совет се сложи темата да биде „ Земјоделските задруги меѓу нормативните и реалните можности“. Датумот на одржување на Третата сесија е 20 Ноември 2018 година.