На состанокот Програмскиот совет на РГ1, кој се оддржа на 15.02.2019, во канцелариите на Националната федерација на фармери, присуствуваа Билјана П. Митревска, Љубо Пено, Александра Мартиновска Стојческа, Маја Лазареска – Јовеска, Васко Хаџиевски, Никола Тодоровски и Никола Јазаџиски. Состанокот беше со цел да се заклучи датумот на оддржување на сесијата, како и да се дефинира првична агенда и да се разговара околу препораките кои треба да бидат презентирани на сесијата. Покрај разговорите за престојната сесија, која ќе се оддржи на 26 Февруари 2019 година, се дискутираше и за следната, петта, сесија, која треба да се оддржи надвор од Скопје.





