Скокни до главната содржина

Петта сесија на Работна група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) – “Правосудство и висока корупција: Приближување или оддалечување од европските стандарди?“

Петтата сесија на Работната група 3 (Поглавје 23: Правосудство и основни права), беше посветена на темата “Правосудство и висока корупција: Приближување или оддалечување од европските стандарди?”. Оваа тема која е од големо значење за Република Северна Македонија, предизвика конструктивна и плодна дебата помеѓу Експертите, говорниците, и сите присутни на сесијата.
На сесијата говореја: Професор Никола Тупанчески, Експерт во НКЕУ-МК и професор на Правен Факултет “Јустинијан Први” – Скопје, г-ѓа Катица Јанева, Специјален јавен обвинител на РСМ, г-дин Павол Зилинчик, надворешен експерт на НКЕУ-МК, и преставник од Судскиот совет на Република Словачка, Судија Весна Димишкова, Основен суд Скопје 1, оддел за организиран криминал и корупција, г-ѓа Маја Конеска, Јавен обвинител, Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и Професор Александра Деаноска, Експерт во НКЕУ-МК и професор на Правен Факултет “Јустинијан Први” – Скопје.
Професор Тупанчевски истакна дека во Македонија, проблемот со корупцијата е системо систематски проблем. За да се реши овој порблем пред се е потребно да се преземат конкретни мерки. Конкретен резултат ќе имаме кога ќе имаме правосилни судски пресуди, за отворените случаеви за корупција.
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, зборуваше за важноста судството и обвинителството да бидат вистински независни од политиката и политичките процеси. Тоа подразбира и финансиска незвисност. Во борбата со корупцијата важно е овие институции да ги имаат потребните ресури како човечки така административни.
Словачкиот експерт, г-дин Павол Зилинчик, ги пренесе искуствата на Словачка. Тој рече дека иако нивната реформа во правосустството навидум била идеална на хартија, сепак се покажала проблематична во пракса. Тој истакна дека нивното искуство покажува дека само со целосна транспарентност во процесот, со поставување на вистински професионални на потребните позиции, може да се постигнат резултати во борба со корупцијата во судството.
Судија Весна Димишкова истакна дека во нашето опшество стално се говори за корупција, но иако имаме институции, многубројни, немаме епилог од често докажани случаеви на корупција. Во судовите се процесусираат многу малку предмети за корупција, и скоро да немаме правосилни пресуди. Таа нагласи дека постои недостаток од тимска работа помеѓу разните институции кои треба да ја гонат високата корупција во државата.
Јавната обвинителка Маја Конеска, престави дел од нејзиното искуство и посочи дека постојат реални технички проблеми кога е во прашање обезбедување докази за корупција.
На сесијата се зборуваше и за различните сегменти и улогата на други фактори во справувањето со корупцијата. Како што е образованието на судиите, улогата на медиумите во ширење на информации. Се потенцираше дека неможе да има европски стандарди и национални стандарди за борба против корупција. Корупција е корупција, во борбата против корупција не може да постојат различни стандарди. За крај присутните едногласно се согласија дека постои мешање на политика во судски процеси и тоа само негативно може да влијае на процесот.