Скокни до главната содржина

Петта сесија на Работна група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) – “Локалните чинители во функција на развојот на руралните средини“

Петата сесија на РГ 1 на тема – Локалните чинители во функција на развојот на руралните средини е одржана во Клубот на пратеници, на 18 јуни 2019 година, во Скопје. На сесијата  учествуваа над 30 претставници на соодветните државни институции, невладините организации од областа на земјоделството, професори од Земјоделскиот факултет, експерти од земјата и странство, како и претставници на СФПА и странски дипломатски претставници. Во дебатата стана збор за особеното значење на руралниот развој, како клучен фактор за зачувување на населението во местата на нивно живеење. За тоа е неопходна континуирана синергична активност на сите локални чинители, помогнати од надлежните државни органи и подржани од содветните меѓународни институци.

Отворајќи ја работната сесија професоракта на Земјоделскиот факултет – Александра Мартиновска Стојчевска укажа дека концептот на НКЕУ-МК е најпрво применет во Словачка, а потоа со словачка помош моделот е применет во повеќе земји, придонесувајќи на полесно приспособување на различни сектори во процесот на пристапување кон ЕУ. Во речиси двегодишниот период НКЕУ-МК  кај нас е реализиран со 30 – тина сесии, на четирите работни групи, со присуство на над 1000 учесници. РГ – 1 во оваа, како и во претходните сесии била фокусирана на развојот на земјоделството во руралните средини, како клучен фактор за одржување на локалните заедници. Руралниот развој создава можност за локални вработувања со што се креираат повеќекратни економски, социјални, еколошки и територијални придобивки, а се придонесува и на решавањето на проблемот со кој се повеќе се соочуваме каков што е иселувањето.

Во воведнот обраќање Петар Георгиевски – Претседател на Мрежата за рурален развој  истакна дека ова тело кое нема политичка заднина претставува форум на кој се дебатира за потребите на руралните средини. За таа цел неодамна подготвиле Манифест во кој се посочени проблемите и решенијата за тоа каде и како да се движи руралниот развој. Еден таков модел кој веќе 20 години функционира во ЕУ, а има мултисекторски пристап е LEADER (кратенка од француски јазик која означува – поврзување меѓу развојните активности и руралната економија). Станува збор за едно од успешните достигнувања на ЕУ, кое досега поминало низ четири фази, а од 2007 година претставува инструмент на заедничката политика и стратегија на ЕУ, која е интегрирана во националните и локалните програми за развој на земјоделството во земјите членки. Со овој пристап се потикнуваат руралните средини да ги користат своите ресурси за обезбедување на одржлив развој, кој се справува со општествените, економските и еколошките предизвици. Тоа е филозофски концепт кој влијае на промена на менаталитетот на сите релевантни фактори во руралните средини. Тоа се промени во смисла на обедиент заеднички пристап во решавањето на конкретните проблем.

Според Георгиевски LEADER пристапот за државните структури е нова тема, но не и за Мрежата за рурален развој. Уште од 2010 година тие се вклучени во промоција на овој пристап, а од неодамна во тоа активно се вклучени и соодветни државни институци. Така МЗШВ започнува подршка на Локалните акциски групи (ЛАГ) и во 2019 година е рапишан првиот повик за парична помош од 13 000 евра, на годишно ниво. Формирање на ЛАГ-овите е започнато уште во 2012 година, но тие се регистрирани како граѓански организации. Првобитно се формирани 16, а со пререгистрација во МЗШВ сега се 13 организации кои ги задоволуваат пропишаните критериуми за користење на средства преку Националната програма за рурален развој. Овие регистрирани Локални акциски групи опфаќаат околу 70% од државната територија, а покренати се и 4 нови прифатлив регионални иницијативи. Дискутабилна е инцијативта за регионот Преспа заради критериумот да бидат опфатени најмалку две општини. Меѓутоа како езерски регион богат со ресурси се барат можности и за негова регистрација, што е содржано и во предлог препораките од денешната сесија, која Георгиески целосно ја подржува. Правната рамка за LEADER/ЛАГ е содржана во Законот за земјоделство и рурален развој (членови 87, 88 и 89), Правилникот за деталните услови за регистрирање во регистрите на ЛАГ, Правилникот за содржината и методологијата за подготовка на стратегиите за локален развој на руралните подрачја, како и во другите релевантни закони како што се Законот за локална самоуправа и Законот за рамномерен регионален развој. Станува збор за солидна правна структура во која акцентот е ставен на развојот на капацитетите за реализирање на мали пилот проекти, за кои финансиски донатор се и УСАИД, СИДА, Швајцарска помош, ГИЗ и УНДП. Евидентен е интерес и потреба за спроведување на LEADER пристапот за кој се очекува во 2021/22 да започне да користи и соодветни ЕУ фондови. ЛАГ-ови се се уште се организаци во зародиш, а за нивна успешност потребни се добри подготовки и голема инволвираност на граѓаните. Со нив се потикнува здружување на јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор, како и создавање на иновативни одржливи локални стратегии. Пристапот треба да е од доле нагоре, односно да е произлезен од локалните потреби.

Антон Марцинчин, советник во Минстерството за финансии на Словачка изразувајќи задовоство за поканата за присуство укажа дека, според нивното искуство, она што се прави во рамките на Националната конвенција е од исклучителна важност за земјата на патот кон ЕУ. Професионално бил во можност да биде сведок во време на транзиција на губењето на руралната традиција во неговата земја. Така небило во некој други земји како Словенија и порано во Австрија. Таму селата се ревитализирани со подршка на локалниот туризам и пласман на земјоделските производи. Потоа од негова страна беше презентирана компаративна анализа на низа финансиски показатели за сосотојбите во повеќе земји од регионот. Во однос на нашата земја  истакна дека учеството на земјоделци од 23% во вкупната работна сила зборува дека тоа е суштински важен сектор. Меѓутоа придонесот во вкупниот бруто продукт е само 8,4% и тоа е она што треба да се менува и подобрува. Производството треба да се реструктуира сооглед дека преживувањето само од земјоделието е тешко одржливо. Потребна е поврзување со турстичката понуда, промена на портфолиото на понудите, извозно ориентирано финално земјоделско производство … Индивидуален производител тешко може да биде конкурентен на пазарот и затоа му е потребно здружување. Со паметно користење на проекти и финанасии на ЕУ може да се забрза развој на земјоделството.

Основи на Заедничка земјоделска политика (САП) се поставени на два столба: подршка на пазарот и рурален развој. Тоа е европски одговор на потребата за пристоен животен стандард на 22 милиона фармер и земјоделски работници, кои обезбедуваат снабдување на храна за 500 милиони граѓани. Конкурентноста и одржливоста на земјоделството на ЕУ се обезбедува со директни плаќања за стабилизирање на давачките и за финасиските проекти за специфични национални или регионални потреби. Словачка на основа на директни плаќања добива 3.03 милијарде евра во што се вклучени и 345 милиона евра кои националните власти трансферираат за период 2015-2020. Клучни промени кои кај нив се очекуваат со САП се: унапредување на конкурентноста на земјоделскиот сектор (инвестиции во 1250 фарми и 400 производители на храна); зачувување на екосистемот и ефикасна употреба на природните ресурси; креирање на условите за економска и социјална ревитализација  на руралните реони. За нив е типично постоење на големи фарми, со просек од 80 хектари, додека просек во ЕУ изнесува 16 хектари. На локално ниво имаат 121 ЛАГ од кои 87 успешно аплицирале за финансиска подршка која во просек изнесува 1,6 милиона евра. ЛАГ-овите покриваат 2/3 од територијата, со 2,3 милиони жители во 1.744 локални заедници. Според нивното искуство потребите на локално и национално ниво треба да се хармонизираат. На национално ниво треба да се определи она што се сака да развива за конкурентен настап на пазарот. Важно е и да се знае да ли луѓето треба да се селат во градовите или да останат во руралните области и произведуваат органска храна. Земјоделството е трудо интензивно и тешко е со него да се остварува брз раст. Тоа е можно во автомобилската индустрија, но со тоа се губи дел од населението и се запоставува територијата на која се живеело. За локалниот економски развој важно е да бидат инволвирани локални фактори, но тоа нетреба да е во правец на самоизолација.

Според Марцинчин во Северна Македонија земјоделието е клучна стопанска гранка која опфаќа речиси 1/4 од вработените. Употребата на ЕУ САП за реструктуирање на земјоделието е добродојдена доколку се употребува внимателно и со водење сметка за локалните потреби. ЛАГ-овите треба да се дел од регионалниот и националниот развој. Без партнерство со локалните власти, работодавачите, школите и невладините организации одлуките и стратегијата за локален развој нема да успее. ЛАГ-овите, накусо кажано, не живеаат во изолација.

Александра Мартиновска Стојчевска ја отвори дискусијата за предлог препораките  кои се произлезени од работните средби, консултации и интервијуа со засегнатите страни. Главен мотив на сесијата е согледувањето на состојбите од доле нагоре, а руралниот развој е согледуван од аспект на улогата на локалните жители. Состојбите се сложени и тоа наметна препораките да се бројни, но групирани се во три подрачја:

1) потикнување на развојот на руралните средини;

2) зајакнување на Локалните акциски групи (ЛАГ) и можностите на ЛЕАДЕР пристапот;

3) подобрување на институционалната поставеност и капацитетите за ЛЕАДЕР програмата.

Маја Лазареска Јовеска информираше дека во МЗШВ веќе е воспоставено одделение за LEADER/ЛАГ во рамките на ИПАРД, а очекуваат ова мерка да биде вклучена во ИПАРД 2 програмата. Од расположивите извори распишан е повик за средства за кои аплицирале сите регистрирани ЛАГ-ови, а доделување е во процесс на разгледување.

Билјана Петровска Митревска укажа дека месните заедници можат да бидат значаен локален фактор, но тие тешко прифаќаат иновации. Непостојат адекватни локални структури за подршка на ЛАГ-овите. Напомена и дека е неопходно е да се обезбеди мониторинг на употребата на средствата кои ќе бидат доделувани.

Професор Јорде Јакимовски изнесе свои видувања за рурален развој потенцирајќи дека постојат заедници кои пропаѓаат и на кои новите институци неможат да им користат. Месните зедници кои постојат треба да бидат со статус на правни лица со проширени надлежности што бара измени во постоечките законски прописи. Состојбата е критична во голем број рурални средини и затоа се залага за формирање на посебно Тело за спас на селото, како и за формирање на непартиски Социјални рурални движења, како што е случај во некој  земји на ЕУ.

Милева Ѓуровска, Франсоа Лафонд и Никола Тодоровски во врска со предлог препораките ја истакнаа потребата препораките да бидат што е повеќе можно конкретни, функционални и применливи. На тој начин НКЕУ може да делува во насока на заживување на LEADER пристапот и ЛАГ-овите. Во натамошната расправа беше прифатено изнесеното укажување и беа дадени повеќе конкретни предлог формулации: Минстерство за локална самоуправа да го регулира правниот статус и да ги прошири ингеренциите на месните заедници, врз база на анализа со учество на ЗЕЛС; што е можно поскоро да се воспостави Канцеларија и определи лице одговорно за LEADER/ЛАГ кое ќе се подготвува за очекуваното официјално вклучување во ИПАРД 2 во наредниот период; да се зајакнат  човечките ресурси за LEADER/ЛАГ и да не се изложени на неоправдани промени со промените во раководствата на министерствата и државните агенции; присутна е појава на дуплирање на проектните активности и потребно е координирана активност согласна со LEADER пристапот; директни плаќања од буџетските средства се забележително присутни, а кај малите проекти за рурален развој можно е да бидат активирани како донатор и домашни стопански субјекти; да се пристапи кон официјално формирање на Меѓуресорско тело кое би делувало во синергија со Мрежата за рурален развој и сите други фактори инволвирани во развојот на руралните средини.

Дебата на петтата сесија на РГ – 1 заврши со заклучокот дека препораките треба да  се дополнат и прецизираат за да можат да бидат непосредно остварливи. По електронски пат тие треба да бидат доставени до учесниците со можност за дополнително прецизирање, согласно со карактерот на Националната конвенција како отворен постојан форум за дијалог за прашањата сврзани со процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ.

Во работењето на оваа сесија на РГ – 1 учестуваа и претставници на Словачката асоцијација за надоврешна политика Томаш Стражај и Петер Брежани.