Скокни до главната содржина

Петта сесија на Работната група 2 – Социјална политика и вработување (Поглавје 19) – “Хармонизација на професионалниот и приватниот живот: подобри работни услови за поквалитетно живеење“

На 27 јуни 2019 година се оддржа Петата сесија на РГ 2,  на тема –„ХАРМОНИЗАЦИЈА НА ПРОФЕСИОНАЛНИОТ И ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ –  Подобри работни услови за поквалитетно живеење“. Сесијата се одржа на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев„  во Штип.  Покрај говорниците на сесијата учествуваа  30 членови на работната група: претставници на соодветните државни институции, синдикати, претставници на синдикати, професори и друга стручна јавност.

Проф. д-р Милева Ѓуровска  – Национален координатор на НКЕУ-МК ја отворени сесијата давајќи кус вовед за методологијата  и значењето на  Националната конвенција осврнувајќи се на  значењето на Поглавјето 19. Таа истакна дека е неопходна стручна дебата со цел да се дефинираат проблемите и да се предлагаат решенија.  Европските интеграции не треба да се сфатат како задолжение на владата и политичарите, или пак само на граѓаните на главниот град, туку тоа е процес во кој треба да  вклучат речиси сите граѓани. Има прашања кои ги засегаат сите граѓани и затоа е значајно да се слушнат различните мислења.  Одржувањето на сесијата во Штип не е случајно, бидејќи  станува збор за  голем индустриски центар  и тука постојат проблеми кои треба да бидат решавани во насока на подобрување на условите за работа и условите за живеење. Штип е градот кој живее на грбот на текстилната индустрија која  вработува повеќе илјади на работнички со што се чини дека тука е вистинското место каде треба да се разговара за усогласување на работата со приватниот живот. Текстилната индустрија е доминантно женска гранка и тука проблемите се појаснов видливи.   Таа додаде дека, доколку е можно во Штип да се направи таа промена, може секаде. Со новите директиви на ЕУ во однос на поглавјето 19, ЕУ станува поактивна во ова подрачје, кое до сега во однос на регулација главно се базираше на т.н меко закононодавство.

Следен говореше Деканот на Правниот факултет „Гоце Делчев“, проф. д-р Јован Ананиев. Најпрво се заблагодари што НКЕУ-МК реши да го вклучи и Источниот плански регион во дебатите за евроинтеграциите. Истакна дека европска интеграција не значи само вклучување на државата во Европската унија, туку и институционални реформи преку кои ќе се имплементираат европските стандарди и вредности во нашиот правен систем и правно-политичка култура.  Овие реформи мора да се случуваат на локално ниво, не само на централно ниво. Во однос на флексибилното работно време, тој смета дека тоа е интересен концепт, кој ќе допринесе до поголема вклученост на жените, што истовремено ќе значи и пат до нивната еманципација. Потоа накратко ги презентираше и истражувањата спроведени со студентите во Струмица и Штип, токму на теми поврзани со работните прашања. Заклучокот од тие истражувања е дека државата може и мора да прави повеќе,  но сепак не треба да се заборави дека клучен фактор се работодавачите кои се тотално не заинтересирани за разговор и дебата, што го докажува и оваа работна сесија, каде одбија да присуствуваат. На крај Ананиев, го пофали концептот на НКЕУ-МК, како форум за сите релевантни чинители, каде целта е да се формираат препораки кои државата ќе ги слушне и имплементира.

Јована Тренчевска, државен секретар во Министерството за Труд и Социјална политика најпрво го изрази задоволството што токму оваа тема е избрана за дискусија бидејќи повеќе од 20 години таа работи во полето на еднакви можности меѓу мажите и жените. Реформите во трудовото законодавство и реформи во политиките на еднаквост и недискриминација се моментално во фокусот на министерството и сите досегашни препораки, а секако и препораките од оваа сесија, ќе бидат сериозно разгледани за да станат дел од новото законско решение. Во однос на усогласувањето на семејниот и професионалниот живот, целта е работниците да бидат посреќни и попродуктивни, но ниту работодавачите да не страдаат. Транспонирањето на овие мерки значи и  приближување на македонското законодавство кон она што значи европско законодавство и овие мерки стимулираат поголема вработеност на жените и младите, што е од особена важност. Политиките кои се носат мора да бидат прифатливи и за работниците и за работодавачите. Проблемот кој денес се дискутира е проблем на многу европски, високоразвиени, држави.  Улогата на ЕУ во врска со усогласувањето најмногу беше фокусирана кон еднаквоста на мажите и жените од кои излегоа многу стратешки докумнетни. Особено е значајна Директивата за усогласување на семејниот и професионалниот живот (2019). Македонија има солидна законска рамка, како и солидна рамка на стратешки документи и потребно е да се работи на мерки и политики за усогласување. Жените се во континуитет со помала вработеност од мажите, факт потврден од податоците со кој располага министерството. Овие податоци ја потврдуваат традиционалната структура на општеството во кое живееме, односно дека жените многу повеќе работат неплатена работа, односно домашни обврски и грижа за семејството. Затоа прекупотребно е реформата која ќе биде наменета за усогласување на домашниот и приватниот живот, да биде изразена преку креирање на различни форми на работа, како преку флексибилно работно време, скратено работно време или работа од дома. Сите овие проблеми, според Тренчевска, ќе бидат адресирани во новиот Законот за работни односи кој е во подготовка. Сепак во новиот Закон, ќе има и бенефиции за мажите кои регуларно ќе можат да користат родителското отсуство, кое ќе биде платено. Во првите 45 од раѓањето на детето ќе може да се користи ова родителско отсуство, период кој се смета за најнапорен и каде поддршката на таткото е најпотребна. Во однос на флексибилното работно време, беше истакнато дека во практиката многу компании имаат воведено флексибилно работно време, ако што е примерот со ЕВН каде има комбинација на флексибилно и фиксно работно време. Заклучи дека министерството ќе работи во насока на се создадат услови за работниците да имаат повеќе слободно време за својот приватен живот.

Андон Мајхошев, професор од Правниот факултет „Гоце Делчев“ од Штип говореше за ставовите на социјалните партнери во поглед на флексибилното работно време, посебно осврнувајќи се на синдикатите. Беше споменат историскиот штрајк на чикашките работници кој влијаеше на формирање на модулот на поделба на работното време на: 8 часа работа, 8 часа одмор и 8 часа спиење. Синдикалните движења значително придонесоа за скртување на рбаотното време од 10/12 часа дневно на 8 часа, односно 40 часа во текот на неделата. Флексибилното работно време е сон за секој вработен, поготово ако е родител или ако има потреба од други лични обврски. Според него, стапката на вработенест на жените не оди со исто темпо како вработеноста на мажите. Сето тоа тој го поткрепуваше со нови статистички податоци.

Родовиот јаз на платите во Р. С. Македонија е 12-18% во зависност во секторот каде е правена анализата. Сепак ова е подобрување од минатото каде овој јаз бил и до 24%, но некогаш и повеќе.   Проектот за флексибилно работно време во нашата држава успешно се спроведува во администрацијата, банките, како и во дел од приватниот сектор. Тој укажа на фактот дека во однос на Потоа тој презентираше анализа на синдикалните ставови во однос на флексибилното работно време заклучувајќи дека синдикатите, или се  против оваа мерка или пак немаат никаков став. Така, во однос на флексибилноста синдикатите се конзервативни, што не е случај со примерите од ЕУ каде флексибилноста е подеданкво прифатена од синдикатите и работодавачите.  Европските истражувања покажуваат дека со воведувањето на флексибилното работно време, продуктивноста на вработените е зголемена за 18%.  Меѓутоа, многу од работодавачите имаат позитивна пракса и имат воведено флексибилно работно време, со цел да излезат во пресрет на вработените, како би ги задржале најдобрите кај себе.

Потребен е интензивен социјален дијалог околу флексибилното работно време и тоа да се регулира во законот за работни односи. Исто така, мора да се дефинира и скратеното работно време, кој ќе биде дискутиран во социјалниот дијалог помеѓу партнерите.

Ангел Димитров, Претседател на Организацијата на работодавачи искажа негативен став во однос на европската Директива за усогласување на работата со приваниот живот. Според него регулативата премалку регулира и како главен проблем за тоа го посочи немањето компромис помеѓу работодавачите и синдикатите. Секао дека таа треба да биде применета, но потребен е издржан дијалог и прилагодување на нашите услови на самата Директива. Посочи дека најголемиот дел од прашањата кои се опфатени во регулативата се во однос на породилното отсуство и модалитети на отсуството за двата родители.  Бидејќи се очекува оваа Директива да биде имплементиран во новиот Закон за работни односи потребно е таа да биде добро разработена и усогласена со сите актери.  Директивата дава повеќе можности за платено отсуство на вработените, како на пример 5 дена за нега на болно лице во семејството. Сето тоа е добро но потсети повторно дека не треба да се носат закони кои тешко се имплеметираат во практиката. Укажа на проблемот со кршење на работничките права што води до нејолна конкренција на претпријатијата.

Според него синдикатите се конзервативни и се спротиставуваат на флексибилноста во целина поради стравот од искористувањето на работниците. Поради тоа многу од флексибилните форми на труд , као на пример работа од дома, работа за повеќе работодавачи и други, не се регулирани со закон. Вакви состојби во Европа биле присутни на почетокот од ХХ1 век. Особено значен проблем е вработувањето на определено работно време, кое најчесто оди преку агенции за привремени вработувања, каде не се прецизно дефинирани обврските на агенцијата и обврските на работодавачите. Истакна дека работодавачите се мотивирани да склучуваат договори на неопределено време за да се задржат добрите работници. Меѓутоа, многу е погрешно генерално да се дисутира за овие прашања. Некаде не е возможно да се  воспостави флексибилно работно време, но не секаде биејќи во некои работи трудот мора да биде синхронизран. Во однос на балансот меѓу семејниот и работниот живот, тој смета дека најголемите проблеми се појавуваат кај луѓето со сопствен бизнис, односно микро и мали фирми, кои многу тешко можат да го оддржат тој баланс доколку сакаат да успеат во својот бизнис.

Марија Ристеска, Извршен директор на центарот за истражување и креирање политики. Таа даде осврт на предизвиците кои се следуваат од директивите и регулативите на ЕУ. Таа истакна дека дебатите за усогласување на работата со приватниот живот траат повеќе од 15 години, а новата Директива претставува најтрансформативниот инструмент на родовите односи која воспоставува на ниво на ЕУ.  Директивата влијае на ндминување на дискриминацијата на работа на основа на семеен статус, потоа го регулира правото на мајчинско односно татковско отсуство, трето тие се  однесуваат на флексибилноста на работата заради баланс помеѓу работата и семејството, и четврто ја идентификуваат потребата од услуги за нега и грижа за децата (градинки, соби за доење и слично).

Ристеска истакна дека Законот за работни односи во значителна мерка е усогласен со досегашните конвенции, поготово таа на МОТ. Важно е да се нагласи дека регулативата го препознава родовиот дисбаланс и тоа е трансформативниот елемент. Во овој момент законот ја институционализира мајката како лицето кое се грижи за развојот на детето преку повеќе членови. Таквата ситуација ја репродуцира дискриминација при вработување, бидејќи работодавецот ја перцепира жената како одговорна за развојот. Со Директивата се менува моделот од корен, односно се воведува принципот на “dual earner, dual carer” односно двајцата заработуваат и двајцата се грижат за сите на кои им е потребна грижа.

Анализата на регулативата покажува дека  таа нуди 3 вида на отсуство од работа, се со цел поголем баланс. Мајката веќе нема да биде единствена која се грижи за семејството, туку тоа е споделена одговорност, со тоа работодавачот нема да има никаква шанса за дискриминација на мајките. Според Ристеска, мора да се предефинира скратеното работно време, кое кај нас е регулирано само со 1 опција, односно пола работно време. Со поголема флексибилност, би се дозволило на многу луѓе да бидат поактивни и во различни периоди од животот, кога би сакале да допринесат повеќе или помалку. Исто така таа истакна дека не е регулирана опцијата за втора односно дополнителна работна дејност, со која следи неплаќање на даноци кон државата и поттикнување на сива економија. Ова тврдење беше поткрепено со презентација на анализа од 2018 година, каде е детектиран овој проблем, со тврдења дека луѓето добиваат плата која е непријавена. Луѓето во потрага по егзистенција, некогаш и се приморани да работат повеќе, а тоа никако не им е регулирано во однос на социјалната заштита.

Даниел Гербери, експерт од Словачка се обрати преку видео врска давајќи општ приказ на европскиот социјален модел, кој се состои од клучните вредности и цели, како и нормативните принципи базирани на тесната врска меѓу економијата и социјалната политика карактеристични за ЕУ.  Тој се осврна на основачките договори на ЕУ и начинот како се регулраат социјалните право во нив. Го спомена Европскиот столб на социјални права, кој е прифатен во 2017 и дефинира 20 базични принципи кои треба да ги водат сите реформи во однос на социјални политики и политики за вработување на членовите на ЕУ. Еден од најбитните делови од имплементацијата на овој столб е Директивата за балансот помеѓу работниот и семејниот живот на чии содржини веќе упатија претходните говорници.

Директивата може успешно да биде имплементирана преку неколку фактори. Посочи 3 поголеми  лекции од искуството на Словачка. Прво, директивите се замислени како минимум стандард во полето, што значи дека треба да се предвидат поголеми права од оние предвидени во регулативата и важно е луѓето да видат бенефит од нив. Не мора да се прифати се о што наметнува Брисел. Второ, сите релевантни чинители треба да бидат вклучени. Имплементацијата мора да биде базирана на социјален дијалог. Трето, секогаш е потребно време за да се имплементираат овие мерки. Работодавачите не треба да се соочуваат со големи и нагли потреси, туку мора да се даде временска рамка во која овие промени би се случиле.

По ова излагање, беше отворена дебатата, на која прва за збор се јави Верица Тасева, претставник на синдикатот на УПОЗ во Штип. Таа истакна дека флексибилното работно време кое веќе се применува во администрацијата било издејстувано од барањата на овј синдикат. Го истакна и новото барање за 7 часовно работно време или 35 часа неделно, кое е веќе имплементирано во неколку европски држави. Според неа, дел од регулативата ние веќе ги имавме во минатото, односно во Југославија и имаме искуство во истите, споменувајќи дека градинката во Штип се уште е позната како Астибовата градинка (текстилна фабрика во Штип).  Тасева напомена и дека работодавачите не ги почитуваат законските прописи и затоа мора да почнеме најпрво од условите за заштита и безбедност на работниците. Го постави и прашањето дали минималната плата треба да биде иста за фирми кој вработуваат 1 вработен или 1000 вработени, знаејќи дека големите фирми имаат многу поголем профит. Исто така, таа се согласи дека мора да регулира и дополнителната работа, која моментално бара да се добие согласност од фирмата кај која барателот на дополнителна работа исполнува 40 часа.

Билјана Тодорова, вонреден професор на УГД се пријави за збор и својата дисусија ја започна со значењето на Директивата за услогласување на Работата и семјството. Покрај феминистите кои расправаат за нерамноправноста на жените и распределбата на семејните обврски, терминот „усогласување на работниот и семејниот живот“ веќе е влезен во политиките за вработување што е прогресивно. Семејните обврски  влијаат врз вклучување на жените напазарот на труд, бидејќи вообичаено жените извршуваат најголемиот дел од неплатената домашна работа, како и нега на децата. Степенот и формата на учеството на жените на пазарот на труд често се поврзува со тоа дали имаат мали деца, или други лица во нивните домаќинства кои бараат грижа.

Иницијативата покрената во Македонија за продолжување времето на мајчинското отсуство произлезе од факто дека не постојат соодветните услови за згрижување на малите деца во градинките. Подобрување на квалитетот на градинките е клучен услов за воспоставување на рамнотежата помеѓ уработниот и семејниот животи ги активира жените на пазарот на труд. Во првите денови по породувањето жената навистина има потреба од присуството на другиот родител што за сега не е можно – истакна таа. Мерката родителско отсусво му дава можност на мажот уште во првите денови да се чувстува како родител.

Во однос на флексибилните форми на вработување таа го сподели ставот со Мајхошев дека во наши услови може лесно да се прекрши законот бидејќи контролата е на ниско ниво. Колективното договарање може да ја намали ранливоста на работниците во нестандардните форми на вработување. Паричните надоместоци се многу значајна мерка во политиките за усогласување (семејни надоместоци и еднократни надоместоци во случај на раѓање на детето, како и разни други парични – даночни олеснувања за семјствата со деца).

Маријан Костадиновски, претставник на СОНК од Штип. Го искажа проблемот со жените кои се отпуштени по крајот на породилното отсуство и побара дали постојат анализи за ова. Истакна дека вакви средби се многу потребни во места надвор од Скопје, за и тие да се почуствуваат како дел од процесот.

Во текот на дебатата се разви дискусија во однос на Економско социјалните совети и нивната функционалност, локалните економски социјални совети исто така беа дебатирани, посочувајќи ја како клучна улогата на градоначалникот во овој совет. Тој мора да покаже волја да ги собере сите релевантни чинители на иста маса, како овие совети би заживеале.

Светлана Трбојевиќ, експерт во НКЕУ-МК се вклучи во дискусијата дополнувајќи дека потребни се многу големи подобрувања во животот на работниците, почнувајќи од почитување на правата кои им се загарантирани со законот и уставот, а потоа и инвестиција во достојни простории за работа и одмор, водење грижа околу исхраната на вработените на места кои немаат во близина место каде вработените би се прехраниле и слично.

Потоа таа ги презентираше и препораките и ја образложи потребата за секоја од нив.

Според Марија Ристеска, регулирањето на дополнителната работа мора да биде приоритет и да се овозможи дополнителната работа да има и поголеми бенефиции преку пензиското и здравственото осигурување.

Судија Хилда Мешкова, од Основен Суд – Скопје 2, најпрво се согласи со досега споделеното и според неа имплементирањето на регулативите е многу важно. Сепак секој закон е добар толку колку што се почитува, а тоа не е случај, базирајќи се на искуството кое го има. Според неа, тоа е така, бидејќи секој влече на своја страна. За да го надминеме ова, мора да бидеме реални. Судот е институција која е единствена и која нема своја страна, и предложи да се додаде Судската постапка, односно заштитата на овие права од страна на судот, поготово при донесувањето на новите закони, каде според неа судиите кои работат на материјата мора да бидат консултирани.

За крај, збор зема Милева Ѓуровска НКЕУ-МК координатор која ги поздрави сите учесници, кои ја придонесоа за исклучително интересната дебата и за афирмацијата на Евроспката директива за усогласување на работата со приватниот живот. Таа истакна дека дел од прашањата кои се дискутираа за време на дебатата се многу значајни и дека мора да се најде начин тие да се приближат кон јавноста. Не треба да заборавиме дека борбата на бизнисот е сурова, бидејќи се води на светска сцена. Според неа подобрите работни услови носат бенефит не само за работниците туку и за работодавачите, бидејќи сите анализи водат кон тоа дека продуктивноста е поголема доколку работниците се задоволни, дури и при помал работен ден, бидејќи во тој случај работниците го даваат својот максимум. Таа повторно истакна дека единствен начин за решавање на проблемите е дијалог и ја посочи Националната конвенција како вистинското место каде таа дебата може да се продолжи. Во последните 2 години институциите покажаа отвореност и желба за да го зголемат своето знаење, но и отвореност за дебата, што е за поздравување. Тука не зборуваме за политичката димензија. Институциите мора да постојат и да бидат силни, бидејќи тие се државата.

На крајот препораките беа усвоени со дополнителни сугестии за содржината во некои од нив.