На крајот од првиот – официјален дел на Втората пленарна конференција се потпиша Меморандум за разбирање меѓу УСАИД и СловакАид. Моморандумот го потпишаа, Амбасадорот на Република Словачка во Република Северна Македонија – НЕ Хенрик Маркуш и Гречен Биркел – претставник на Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија.
По повод потпишувањето на Мемеорандумот, Г-ѓа Биркел истакна:
„Националната конвенција со своите четири работни групи претставува извондредна можност за вклучување на сите стејхолдери од граѓанското општество, владините институции и сите други заинтересирани стручни лица. Таа има механизам за имплементирање на препораките кои се креирани од страна на експертите, а најважно од се е тие да бидат имплеметирани во практиката и да се добијат конкретни резултати. Словачка е добар пример за тоа како една држава која кон крајот на 90 тие имаше потреба од помош и ја добиваше од УСАИД, а сега се трнасформираше во држава која дава помош. Ова партнерство меѓу УСАИД и СловакАид за подршка на Македонија е од исклучително значење и тоа продолжува понатаму со потпишувањето на Меморандум за соработка. Се надеваме дека и Р. С. Македонија еден ден ќе ги смени улугите – од примател на помош ќе биде држава која ќе нуди помош„





