На 11.09.2019 во Клубот на пратеници во Скопје, се одржа шестата сесија на Работната група 3 на НКЕУ-МК за Правосудство и основни права (Поглавје 23) на тема: „Спогодбата како мерка за поефикасно судство“.
На оваа сесија присуствуваа повеќе од 50 претставници од сите засегнати страни, претставници од академската заедница, судии, јавни обвинители и преставници од невладините организации, здруженија, како и експерт од Република Словачка.
Сесијата ја отвори Мухамед Халили , кој ја истакна важноста на оваа тема и ги покани експертите да започнат со своите излагања.
Проф. Калајџиев истакна дека нашата правна традиција, слично како и кај многу други континентални традиции, вообичаено има отпор кон елементи на консензуалност во утврдувањето на казнената одговорност, бидејќи се смета дека судот е тој што треба да ја утврди казната. Ја наметна дилемата, дали нашето обвинителство е на степен на кое може да му укажеме доверба во релативна тајност да ги завршува предметите. Зборувајќи за примената на спогодбата кај нас, тој укажа дека всушност се бараат докази за утврдување на големина на казна, а не за докажување на вината.
Според проф. Мисоски идејата за воведување на спогодбата се гледа во тоа поедноставните постапки да можат да бидат решени на поедноставен и побрз начин. При подготвувањето на законот постоела дилема дали по пат на спогодба да може се решаваат сите случаи или оние каде што се предвидува казна до 10 години, но на крајот е решено да постои можност за спогодба без ограничување на големината на казната. Мисоски потенцираше дека е потребно обвинетиот да ги знае сите правни последици од признанието на вината како на пример дека во овие случаи не постои можност за жалба. Во нашата земја е прифатен принципот на САД за неучество на судот во спогодувачката спостапка, па судијата може непристрасно да оцени дали спогодбата е направена доброволно, свесно а не под притисоци и закани.
Судијката Оља Ристова зборуваше за тоа дека кога се зборува за реформи во судството, целта е постигнување на независно, стручно и ефикасно судство. Токму ефикасноста, односно брзото решавање на случаите и брзото доаѓање до правдата на граѓаните е сообено важна за враќањето на довербата во судот. Таа истакна дека кога бил донесен законот, намерата била дапо пат на спогодба се решаваат до 80% од случаите во оваа фаза на постапката. Според податоците за 2017 и 2018 година, бројот на постапки решени по пат на спогодба бил помалку од 50%,но сите од нив биле решени, односно предлог спогодбата била прифатена од страна на судиите. Од своето искуство, Ристова укажа на неколку прилини зашто мерката спогодба е недоволно користена и тоа од персепктива и на адвокатите и на обвинителите.
После паузата, модераторката Фросина Тасева ги повика преостанатите експерти да земат збор во дискусијата.
Експертот од Словачка, Томаш Стреми ги потенцираше позитивните страни на ресторативната правда а тоа е заштедувањето на време и пари. Имено, во Словачка бројот на затвореници и релативно висок за разлика од некои европски држави. Во Словачка направиле пресметка за тоа колку еден затвореник ја чини државата, па Стреми предлага користење на алтернативните мерки на ресторативна правда како куќниот притвор со цел заштеда на средства.
Адвокатот Тони Мекиновски, вели дека кај нас ,според праксата спогодбата е добра работа но носи и свои одговорности. Се надоврза со изјавата на Словачкиот експерт Стреми дека потребно е да се знае колку не чини едно лице лишено од слобода. Според Мекиносвски, проблематично во спогодбите е носењето на јавното обвинителство поради перцепцијата дека нема доволна независност, но и некои процедурални елементи. Тој истакна дека потребно е концептот на спогодба аналитички да се пристапи и повеќе да се разработи.
Шестата сесија на Работната група 3 заврши со прифаќање на препораките.