На 14 Мај 2021, преку платформата zoom се оддржа првичен состанок на работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11), на кој пристуствуваа:
Милева Ѓуровска – Национален координатор на НКЕУ-МК
Никола Тодоровски – Координатор на Работна група 1
Маја Лазареска – Копретседавач од Министерство за Земјоделство, шумарство и водостопанство
Љубо Пено – Претставник од Министерство за Земјоделство, шумарство и водостопанство
Александра Мартиновска – Стојчевска – Професор на факултетот за земјоделски науки и храна
Ана Симоновска – Професор на факултетот за земјоделски науки и храна
Билјана Петковска – Претставник од Национална федерација на фармери
Синиша Цветановски – Претставник од Секретаријат за Европски прашања
Никола Јазаџиски – Проектен асистент
Најпрво Проф. Ѓуровска даде краток вовед за новиот циклус и нагласи дека мора да се обрне поголемо внимание на ЕУ директивите и препораките, кои мора да бидат применливи. Исто така како особено важно го посочи пратењето на препораките, односно нивниот статус. Потенциран беше дека мора да се инкорпорира и младинскиот аспект, односно перспективите на младите на овие теми.
Учесниците на состанокот беа среќни што проектот продолжува и дебатираа на неколку теми кои можат да бидат теми на следната сесија на работната група 1.






