Денес, на 25 Мај, се оддржа вториот состанок на програмскиот совет на РГ2, на која се дискутираше за престојната сесија која ќе се оддржи на 15 Јуни. На состанокот беа присутни:
- Милева Ѓуровска, Национален координатор на НКЕУ-МК
- Јадранка Мршиќ, Координатор на РГ2
- Марија Ристеска, копретседавач, ЦИКП
- Габриела Маџовска, копретседавач, Министерство за труд и социјална политика
- Лазар Јовевски, професор
- Македонка Радуловиќ, професор
- Јован Пејкоски, професор
- Ангел Димитров, Организација на работодавачи
- Зоран Илиески, коалиција СЕГА
- Славица Кузмановска, Јуридика
- Никола Јазаџиски, проектен асистент
Најпрво проф. Ѓуровска се заблагодари на присутните за присуството и уште еднаш ја потенцираше определбата оваа сесија да биде посветена на вклучувањето на младите. Таа го презентираше и апстрактот кој беше доставен до сите учесници, и нагласи дека тоа е првичен документ, отворен за промени.
Во однос на сесијата, идејата е да се „измери“ успехот на државните програми кои моментално се активни.
Секој учесник на овој состанок ги сподели своите размислувања и претходни искуства. Тие се договорија дека времето на секој од говорниците не треба да надминува 5 минути, што би оставило поголем простор за дебата. Целта е да се активираат младите од секоја категорија, средношколци, универзитетски студенти, вработени и невработени до 29 години, како би се слушнал нивниот глас на оваа тема.
На крајот се договорија да земат еден дел од проблемот и да го презентираат. Секој од учесниците ќе ги презентира проблемите кои ги смета за најблиски.