Скокни до главната содржина

Трет состанок на Работна група 2 – Социјална политика и вработување (Поглавје 19)

На 11 јуни 2021 год. се одржа состанок на Работната група 2 – Социјална политика и вработување на кој беа присутни:

  • Милева Ѓуровска, Национален координатор на НКЕУ-МК
  • Јадранка Мршиќ, Координатор на РГ2
  • Габриела Маџовска, копретседавач, Министерство за труд и социјална политика
  • Лазар Јовевски, професор
  • Македонка Радуловиќ, професор
  • Зоран Илиески, коалиција СЕГА
  • Славица Кузмановска, Јуридика
  • Никола Јазаџиски, Проектен асистент

На состанокот беше разговарано околу припремите за сесијата која ќе се одржи на 15 јуни и беа договорени деталите околу истата што беше и целта на овој состанок, како што нагласи проф. Ѓуровска на почетокот. Останатите присутни накратко образложија што ќе презентираат на сесијата, како што се статистичките анализи околу вработувањето и дел од политиките на државно ниво што би им било од корист на младите луѓе.

Договорено беше перманентните експерти да се вклучат како дел од дискусијата на крајот од сесијата и беше нагласено дека во дискусијата е потребно да бидат вклучени и да разговараат за своите проблеми и прашања што повеќе млади луѓе, бидејќи оваа сесија е посветена токму на нив.