На 02 Септември 2021, преку платформата Zoom се одржа подготвителна средба на програмскиот совет на работната група 1. Тема на дискусија беше организирање на следната ,деветта, сесија, која е закажана за 29 Септември. Присутни беа:
Милева Ѓуровска, национален координатор на НКЕУ-МК
Маја Лазареска, претставник од Министерството за Земјоделство, Шумарство и водостопанство, копретседавач
Александра Мартиновска – професор, редовен експерт
Ана Симоновска – професор, редовен експерт
Билјана Петровска – Митревска, Национална федерација на фармери, редовен експерт
Никола Јазаџиски, проектен асистент
Програмскиот совет дискутираше околу насловот на сесијата, кој се заклучи дека ќе биде „Предизвици во програмирањето и реализацијата на програмата ИПАРД III (2021-2027)“, а потоа и се дискутираше за потенцијалните учесници, како и можноста за средба со релевантни чинители. На крајот беше заклучено дека средбата ќе се одржи онлајн, со цел намалување на можноста од ширење на вирусот.






