Скокни до главната содржина

Деветта сесија на Работна група 2 – Социјална Политика и вработување (Поглавје 19) – „Младите и вработувањето: Што стои на патот да се добие достоинствена работа?“

Младите луѓе се едни од најранливата категорија на лица кога станува збор за работнички права. Стапката на невработеност на млади во С Македонија е една од највисоките во Европа. Пазарот на труд денес налага повисоки вештини и приспособливост на новите достигнувања, креативност, способност за иновативно размислување, и во таа насока треба да се развива формалното и неформалното образование. Дискриминацијата во однос на пол, политичка припадност, физичка и интелектуална попреченост, при вработувањето на младите луѓе треба да се искорени. Потребно е и креирање политики со активно учество на младите луѓе, како и промени во Законот за работни односи при вработувањето на млади лица, од определено, на неопределено време.