На 01.02.2022, се одржа програмски совет на работната група 2, на кој учествуваа:
- Проф. Милева Ѓуровска, национален координатор на НКЕУ-МК и претседателка на Европско движење
- Проф. Јадранка Мршиќ, координатор на работна група 2
- Проф. Лазар Јовевски, експерт, Правен факултет Јустинијан први
- Ангел Димитров, експерт, Организација на работодавачи
- Габриела Маџоска, претставник од Министерство за Труд и социјална политика
- Никола Јазаџиски, проектен асистент
Овој состанок имаше 3 цели, односно, да се одбере датум и тема за следната сесија и да се определат соодветните учесници.
Прва тема на разговор беше датумот, каде понудени беа неколку термини. Со оглед дека министерството има нов министер, предложено беше тоа да се случи на почетокот на месец март, за да има доволно време за организација.
Потоа следеше дискусија околу темата на сесијата. Понудени беа неколку теми, но програмскиот совет се сложи да работи на тема која ги засега лицата со намалена работна способност. Оваа тема беше одбрана бидејќи работната група нема работено во оваа насока, а има голема потреба за истото.
На крајот, понудени беа и потенцијални учесници, почнувајќи од синдикати, здруженија и поединци кои работат на темата, но и фирми кои вработуваат лица со намалена работна способност.
Следна средба е предвидена по дефинирањето на словачкиот експерт.