На 11 Март 2022, се одржа првиот состанот на програмскиот совет на РГ-1, посветена на земјоделство и рурален развој. Тема на овој состанок беше организацијата на следната 10 сесија. Се понудија неколку теми, но за многу брзо беше заклучено дека едноставно не може да се одмине најголемата тема, а тоа е кризата која произлезе од воениот конфликт во Украина. Се дискутираше за ударот кој нашиот пазар го има од оваа ситуација, како и потешкотиите за извоз, но и за увоз. Следеше и дефинирање на терминот на одржување, каде беа понудени неколку датуми, со цел да се обезбеди најголемо можно учество, како од претставници од државата, така и од експертите. На крајот беше оставено да се потврди датумот на следниот состанок на групата. На крајот, се дискутираа и потенцијалните присутни, кои се релевантни за оваа тема и би можеле да го дадат својот придонес.
На крајот, договорен беше уште еден состанок за 16 Март 2022.