После долга пауза, се одржи состанок на програмскиот совет на Работна група 1 – Земјоделие и рурален развој (Поглавје 11). Состанокот се одржа на 31 Јануари на кој учествуваа Александра Мартиновска, Ана Симоновска, Синиша Цветановски, Љупо Пено, Васко Хаџиевски, Маја Лазаревска, Милева Ѓуровска и Никола Јазаџиски.
Најпрво се дискутираше за состојбите и патоказите на Поглавјето 11 со очекување дека наскоро ќе излезат официјалните извори од Европската Комисија. Се дискутираше и за потенцијалната тема и датум за одржување на 11та сесија на РГ-1, која ќе биде прва сесија од овој циклус.