На 22 Мај 2024 се одржа состанок на програмскиот совет на Работната група 5 во Ајриш паб. На состанокот присутни беа:
- Милева Ѓуровска, национален координатор на НКЕУ-МК
- Ана Чоловиќ, експерт
- Никола Јовановски, ЦПИА
- Никола Јазаџиски, проектен менаџер
- Биљана Стевановска, Еко Свест
Најпрво, проф. Ѓуровска го презентираше проектот и динамиката што го опфаќа Поглавје 27, а истото го направи и Никола Јовановски во однос на платформата за животна средина. Се сподели дека соработката со ЦПИА би значело целосна комплетираност на Работната група. Се дискутираше и за екоцидот како и за законот на прекршоци.
Ана Чоловиќ сподели дека е мал бројот на организации кои работат на политиките за животна средина.
Во однос на датум, сите присутни се согласија за 26 Јуни 2024 година. Во однос на присутните, предложено беше да се покани претставници од инспекторатот, а од Министерството за правда, Никола Прокопенко.
Следеше и разговор за апстрактот, каде беше објаснето што треба да содржи. Овој документ ќе се сподели со странските партнери со цел добивање соодветен експерт, а би требало да е готов до понеделник. Во однос на другите подготовки за сесијата, сите присутни се договорија да се обидат да комуницираат со лични контакти за обезбедување на соодветни експерти за сесијата.
На крај, проф. Ѓуровска предложи да се направи меморандум за соработка со сите.