ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ/И за присуство и ангажман во рамките на 4тата сесија на Работна Група 6 на НКЕУ
во рамки на проектот „Национална конвенција за европската унија на Република Северна Македонија“, финансиран од Европската комисија
- ВОВЕД
Проектот „Национална конвенција за европската унија на Република Северна Македонија“, го спроведува здружението Европско Движење.
Националната конвенција за Европската унија во Македонија е важна иницијатива која го олеснува конструктивниот дијалог и соработката меѓу различните чинители во земјата кон целта за интеграција во ЕУ. Преку конвенцијата, учесниците можат да ги идентификуваат и да се справат со критичните предизвици и можности кои се појавуваат во текот на процесот на пристапување. Тоа е суштински чекор во патувањето на Македонија кон членство во Европската унија и ја нагласува посветеноста на земјата кон вредностите и принципите на ЕУ.
- ЦЕЛ, НАМЕНА И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
2.1. Цел на задачата
Целта на овој документ е да го опише процесот за ангажирање експерти за присуство и ангажман на настани организирани од Европското движење, невладина организација посветена на промовирање на демократска, обединета и инклузивна Европа. Експертите ќе присуствуваат на сесиите на проектот Национална конвенција за Европска Унија за Република Северна Македонија – НКЕУ-МК.
2.2. Намена
Намената на овој процес е да се идентификуваат и ангажираат експерти кои можат да дадат вредни сознанија и придонеси за настаните организирани од Европското движење, да се обезбеди непречен и ефикасен процес за поканување, селектирање и потврдување на експертско учество и утврдување јасни очекувања и насоки за експертите.
2.3. Очекувани резултати
Очекуваните резултати од овој документ се да се воспостават јасни и стандардизирани процедури за ангажирање експерти за присуство на настани организирани од Европското движење. Ова ќе обезбеди експертите избрани за настани да се усогласат со целите и вредностите на организацијата и да придонесат за промовирање на демократска, обединета и инклузивна Европа. Следејќи ги насоките и процедурите наведени во овој документ, Европското движење има за цел да го подобри квалитетот и релевантноста на експертското учество на своите настани, да поттикне значајни дискусии и размена на идеи и на крајот да ја унапреди својата мисија за застапување за посилна Европска унија и европска интеграција.
- ПРЕТПОСТАВКИ И РИЗИЦИ
3.1. Претпоставки
- Експертската јавност сака да учествува во сесиите на НКЕУ.
- Постои доволен број експерти во темите што ги обработува НКЕУ.
3.2. Ризици
- Недоволна заинтересираност на експертите за учество на сесиите на Националната конвенција.
- ОПФАТ НА ЗАДАЧАТА
4.1. Опис на задачата
При спроведувањето на активностите, експерт/ите треба да биде во редовна комуникација и координација со проектниот тим. Од избраниот кандидат/кандидати се очекува да ги изврши следните активности:
Експертот се обврзува да ги преземе следниве активности:
- да учествува на состаноците на Програмскиот совет пред одржувањето на сесијата, како и по неа
- да оствари редовна комуникација и размена на добри практики со меѓунароните експерти
- да ги промвира НКЕУ-МК, особено препораките, во медиумите и другите граѓански платформи со цел нивно приближување до граѓаните
- да учествува во дефинирањето на основната тема за Сесијата (во соработка со ко-претседавачите и координаторите на РГ)
- да подготви абстракт за темата дефинирајќи ги основните тези
- да подготви работна верзија на препораки поврзани со темата
- да подготви анализа (презентација) како контекстуална основа на предложените препораки;
- да дадат вовед во темата и дадат своето експертско мислење
- да се вклучат во дискусија за време на сесијата
- да ги презентираат препораките
- да ја подготви финалната верзија на препораките во кои ќе бидат вклучени и препораките произлезени од дискусијата на сесијата
4.2. Продукти
За продукти ќе се сметаат:
- Препораките издадени на крајот на секоја сесија.
4.3. Одговорно тело
За имплементација на оваа активност експерт/ите треба да биде во постојана координација со ЕММК.
- ЛОГИСТИКА И ВРЕМЕНСКА РАМКА
5.1. Локација
Задачите ќе бидат спроведени на територијата на Република Северна Македонија.
5.2. Почеток и период на спроведување на задачите
Очекуван почеток на работата е 5. септември 2024 година, а за спроведувањето се предвидени 14 дена согласно наведеното во табелата подолу.
Задача | Временска рамка |
да учествува на состаноците на Програмскиот совет пред одржувањето на сесијата, како и по неа | Пред, за време и по сесијата |
да оствари редовна комуникација и размена на добри практики со меѓунароните експерти | Пред, за време и по сесијата |
да ги промвира НКЕУ-МК, особено препораките, во медиумите и другите граѓански платформи со цел нивно приближување до граѓаните | Пред, за време и по сесијата |
да учествува во дефинирањето на основната тема за Сесијата (во соработка со ко-претседавачите и координаторите на РГ) | Пред сесијата |
да подготви абстракт за темата дефинирајќи ги основните тези | Пред сесијата |
да подготви работна верзија на препораки поврзани со темата | Пред сесијата |
да подготви анализа (презентација) како контекстуална основа на предложените препораки; | Пред сесијата |
да дадат вовед во темата и дадат своето експертско мислење | За време на сесијата |
да се вклучат во дискусија за време на сесијата | За време на сесијата |
да ги презентираат препораките | За време на сесијата |
да ја подготви финалната верзија на препораките во кои ќе бидат вклучени и препораките произлезени од дискусијата на сесијата | По сесијата |
Имплементаторите на проектот го задржуваат правото на измена на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на експерт/ите во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект.
- УСЛОВИ
На овој повик може да се пријави индивидуален експерт или група од експерти кои ги исполнуваат критериумите.
Експерт/ите кој ќе биде ангажиран треба да ги исполнува следниве услови:
- Најмалку високо обрaзование во областа на дискусија на сесиите;
- Најмалку 5 години работно искуство во активности поврзани со темата на сесиите.
- Предност ќе имаат кандидатите кои имаат спроведени истражувања поврзани со темата.
Изборот ќе се направи врз основа на најдобра вредност за понудена цена, при што ќе се земат предвид доставената биографија (резиме) на понудувачите и финансиските понуди. Оценувањето на пријавата се врши согласно следната табела:
Квалитет на пријавата | Максимум поени: 60 |
Образложение и биографија | /60 |
Финансиска понуда | Максимум поени: 40 |
Финансиска понуда | /40 |
Вкупен број поени | /100 |
- ЦЕНА
Максималниот бруто износ за финализирање на активностите за кои ќе биде ангажиран експертот/ите не може да надмине 600 Евра (36,810 денари).
- ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Експертoт/експертите е потребно да ги достави следните документи:
- Детално резиме (биографија) на македонски или англиски јазик, со преглед на релевантно искуство;
- Финансиска понуда во форматот прикажан во Анекс 2.
- Пополнета и потпишана изјава од понудувачот (Анекс 3).
Напомена:
Документацијата треба да биде испратена на secretariat@europeanmovement.org.mk не подоцна од 19.август 2024 година, со предмет (subject): Пријава за експерт за 4та сесија на рг-6 или пак да биде доставена до канцеларијата на Европско движење на Ул. Коста Кирков бр.5/8
Избраниот кандидат ќе биде известен по електронски пат.