ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦЕ ЗАДОЛЖЕНО ЗА ВОДЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ РАБОТИ И ДРУГИ ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ ВО ЕММК
Тип на вработување:
Вработување со договор на одредено време, со можност за продолжување.
Алтернатива: Вработување со споделен работодавач.
Европското движење во Република Северна Македонија (ЕММК) има потреба од лице кое ќе биде примарно задолжено за водење на финансиските работи, особено во рамки на проектот Национална конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), но и за поддршка на други проектни активности на организацијата.
Проектот Национална конвенција за ЕУ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и има за цел да го зајакне дијалогот и соработката помеѓу различни општествени актери за полесна интеграција на земјата во Европската Унија.
Опис на работните обврски:
- Водење на финансискиот сегмент на проектите на ЕММК, вклучително подготовка на финансиски извештаи, буџетирање и административно работење;
- Поддршка во реализација на проектните активности на организацијата;
- Следење на финансиските регулативи и процедури согласно барањата на донаторите и локалните закони;
- Комуникација со донатори и партнери за финансиски прашања;
- Поддршка во административно работење и координација на проектите;
Потребни квалификации:
- Високо образование во областите на економија, финансии или бизнис администрација;
- Минимум 2 години работно искуство во финансиско управување, буџетирање или слични позиции;
- Познавање на финансиското известување и процедури на донатори, особено во проекти поддржани од ЕУ;
- Познавање на англиски јазик;
- Познавање на MS Office пакетот, особено Excel;
Пожелни компетенции:
- Способност за организација и планирање;
- Комуникациски вештини и тимска работа;
- Способност за работа под притисок и исполнување на рокови;
Што нудиме:
- Договор за работа на одредено време, со можност за продолжување;
- Вид на работно време според договор и според динамика на активностите;
- Можност за личен и професионален развој;
- Вклученост во значајни проекти поврзани со ЕУ интеграцијата на Северна Македонија;
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да достават:
- Биографија (CV)
- Мотивациско писмо
Документите треба да се испратат на следната е-пошта: secretariat (at) europeanmovement.org.mk или пак да се достават до канцеларијата на ЕММК на адреса Ул. Коста Кирков бр.5/8, Скопје.
со назнака „Апликација за финансиски менаџер“.
Рок за аплицирање:
Апликациите треба да се поднесат најдоцна до 20 јануари 2025 година.
Европско движење во Република Северна Македонија (ЕММК) се залага за промоција на европските вредности и интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија преку активна соработка со државни институции, граѓански организации и меѓународни партнери.