На 30 април 2025 година се одржа заедничка средба на сите работни групи вклучени во Националната конвенција за Европската унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК).
Оваа средба претставуваше значајна можност за севкупен преглед на евроинтегративниот процес во земјата, како и за анализа на клучните придонеси на работните групи на НКЕУ-МК во рамки на овој процес. Во текот на настанот, учесниците разменија мислења, идеи и согледувања во однос на досегашните активности и постигнувања, како и предизвиците кои претстојат. Дополнително, беа иницирани дискусии за идните активности и беа договорени насоки за понатамошна работа и соработка.
На средбата учествуваа повеќе од 20 претставници од програмските совети на сите пет работни групи, кои со своето активно вклучување придонесоа кон плодна дискусија и конструктивно планирање на следните чекори.