Скокни до главната содржина

Состанок на програмските совети на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност и Работната група 6 – Антикорупција

На 18 јуни 2025 година се одржа работен состанок на програмските совети на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност и Работната група 6 – Антикорупција. Состанокот се одликуваше со конструктивна и динамична дискусија, во која активно учествуваа сите присутни членови.

Главна точка на дневниот ред беше планирањето на претстојните сесии на двете работни групи, вклучително и дефинирање и финализирање на темите, идентификување на релевантни учесници од национално, регионално и европско ниво, како и определување на можни термини за нивно одржување.

Во рамки на состанокот беше покрената иницијатива за повторно активирање на Работната група 2: Социјална политика и вработување, со нејзино проширување и во областите на конкурентност и образование. Учесниците ја препознаа потребата од вклучување на граѓанскиот сектор и обезбедување стручна експертиза во овие области, со цел да се зајакне квалитетот и релевантноста на јавните политики.

Состанокот заврши со заедничка заложба за натамошно унапредување на стратешките пристапи и содржината на препораките, со цел нивен посилен придонес кон ефикасно спроведување на реформите и напредокот на земјата на патот кон членство во Европската унија.