Скокни до главната содржина

Препораки од Втора сесија од Работна група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) “Азил – меѓународна и привремена заштита“

НАЦИОНАЛНА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Втора сесија на Работната група 4 – правда, слободи и безбедност

„АЗИЛ – меѓународна и привремена заштита“

  1. Законската усогласеност со ЕУ регулативата во значајна мера е направена со новиот Закон за меѓународна и привремена заштита (април 2018), но потребно е усогласување и на други закоски и подзаконски акти. Се препорачува целосно усогласување на подзаконската Регулатива со Законот за меѓународна и привремена заштита.
  2. Во имплементацијата на ЕУ Регулативите и Директивите поврзани со бегалската и мигрантската криза се препорачува балансирање меѓу двете вредности заштита на човековите правата на поединецот и гарантирање безбедноста на државата.
  3. Се препорачува следење на Европските политики во развојот и имплементацијата на примената на Концептот на безбедна трета земја. Потребно е во редовна постапка да се истражи причината поради која лицето ја напуштило земјата на потекло и престој се цел аргументирање на неговата основаност.
  4. Државните институции да овозможат неселективно право на пристап до процедурите за азил, како и до заштитните механизми кои треба да вклучуваат пристап до правна помош, лекар, како и можност за контакт со семејството. Се препорачува посебна грижа и похуман пристап кон децата и жените и лицата со посебни потреби во прифатните центри.
  5. Афирмација и имплементација на Истанбулската конвенцијаво во Националното Законодавство особено во сегментот на родово базирано насилство.
  6. Се препорачува зголемена соработка меќу релевантните институции, граѓанското општество и меѓународните организации активни во доменот на мигрантите и бегалците.
  7. Да се зголеми функционалноста на Регионалната Иницијатива МАРИ во развивање политики за подобра регионална соработка поврзана со меѓународната и приврементата заштита.
  8. Новиот Закон за меѓународна и привремена заштита донесува значајни новини за чие ефикасно спроведување е неопходна натамошна едукација и тренинг за полициските службеници, социјалните служби и другите субјекти кои ќе го спроведуваат.