Скокни до главната содржина

Прва сесија на работна група 1 – Земјоделство и Рурален Развој (Поглавје 11) – „Како да се подобри искористеноста на програмата ИПАРД 2?“

КАКО ДА СЕ ПОДОБРИ ИСКОРИСТЕНОСТА НА ПРОГРАМАТА ИПАРД 2?

Првата сесија на РГ-1, Земјоделство и рурален развој се одржа на 20 март 2018 година, во Собранието на Република Македонија (сала “Борис Трајковски”). Темата на оваа работна сесија беше: КАКО ДА СЕ ПОДОБРИ ИСКОРИСТЕНОСТА НА ПРОГРАМАТА ИПАРД 2?

На седницата присуствуваа над 70 учесници од различни општествени сектори (претставници од релевантни државни институции, здруженија на земјоделци, синдикални организации, претставници на земјоделски задруги, индивидуални земјоделци, претставници на академската заедница).

Седницата ја модерираше професорката Милева Ѓуровска, истакнувајќи ги целите и методологијата на работата на НСЕУ-МК. Професорката Татјана Прентовиќ, член на собраниската комисија за земјоделство и рурален развој, ја истакна важноста на претпристапните фондови за развој на земјоделскиот сектор.Во воведниот говор, се обрати и г-дин Никола Бабовски – директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, каде што ја објасни улогата на Агенцијата во понатамошниот развој во овој сектор.

Професорот Роман Серенеш од словачкиот универзитет за земјоделство во Нитра, во својата презентација, главно се фокусираше на улогата на Фондот за насочување и гаранција во земјоделството, врз основа на словачкото искуство.

Следеше анализа на националните експерти, презентирани од професорката Александра Мартиновска-Стојческа (ФАСФ) и Билјана Митревска (НФФ).

Дебатата ја модерираа копретседавачите Маја Лазареска Јовеска (МЗШВ) и Васко Хаџиевски (Здружение на агроекономисти на РМ). Во рамките на експертската анализа, беше нагласено дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА2) за земјоделците, секторот за преработка на храна и за поддршка на малите бизниси во руралните области, во периодот 2014-2020 година, ќе има фонд од 60 милиони евра.

Беше споменато дека покрај реализацијата на развојните цели, ИПА 2 програмата треба да ги запознае земјите кандидати за користење на Фондот за насочување и гаранција во земјоделството во рамките на Европската заедничка политика.

Клучните точки идентификувани за време на сесијата беа следните: Сопственичите права (исклучително добро познат проблем); пристап и креирање на техничка документација (нецелосни апликации, сопственички бариери за странските инвеститори во земјоделството); организирање јавни повици (обука на надлежни службеници во државните институции); Подобрување на капацитетот на институциите за сервисирање на средствата од ИПАРД; Информирање и комуникација (недоволно разбирање на повиците од страна на земјоделците); нерешено урбанистичко планирање; Недоволен пристап до почетен капитал.

За време на сесијата се одржа дебата меѓу членовите на работната група, каде што мнозинството истакна дека тие се благодарни што  НКЕУ-МК  обезбедува платформа каде различни заинтересирани страни можат да се состанат и да дискутираат за земјоделството.

Главната насока на дискусијата беше начинот на функционирање на релевантните државни институции, особено Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството. На седницата беа усвоени препораки за подобрување на оваа важна област.