Скокни до главната содржина

Состанок на Програмскиот совет на Работна група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11)

На состанокот Програмскиот совет на РГ1, кој се оддржа на 15.02.2019, во канцелариите на Националната федерација на фармери, присуствуваа Билјана П. Митревска, Љубо Пено, Александра Мартиновска Стојческа, Маја Лазареска – Јовеска, Васко Хаџиевски, Никола Тодоровски и Никола Јазаџиски. Состанокот беше со цел да се заклучи датумот на оддржување на сесијата, како и да се дефинира првична агенда и да се разговара околу препораките кои треба да бидат презентирани на сесијата. Покрај разговорите за престојната сесија, која ќе се оддржи на 26 Февруари 2019 година, се дискутираше и за следната, петта, сесија, која треба да се оддржи надвор од Скопје.