НАЦИОНЛНА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Втора сесија на РГ1 – Земјоделие и Рурален Развој
ПРЕПОРАКИ
Клучни насоки за подобрување на пристапот до кредити во земјоделството, агробизнисот и руралните средини
- Ефикасен информациско-комуникациски систем меѓу чинителите за подобар пристап до кредити во земјоделството, агробизнисот и руралните средини:
- да се подобри информираноста за достапната понуда на финансиски услуги од приватниот и државниот сектор, како и за побарувачката на кредити;
- да се развива комуникацијата преку градење меѓусебна доверба и партнерски однос;
- да се вклучат поактивно сите чинители во заеднички активности (земјоделските производители, агробизнисот, земјоделските задруги, руралното население, банкарските и микрофинансиските институции, директно или преку нивните здруженија, давателите на советодавни услуги, државните институции).
- Знаење и вештини на клучните чинители:
- да се спроведуваат континуирани обуки на: (1) потенцијалните корисници на финансиски услуги во земјоделството, агробизнисот и руралните средини (финансиска писменост, знаења и вештини за спроведување на развојни и одржливи проекти, водење на сметководствена евиденција на фарма); (2) давателите на советодавни услуги (избор на соодветна инвестиција, подготовка на бизнис планови, можности за финансирање, поддршка во процесот на сметководствена евиденција и апликацирање за кредит); (3) финансиските институции (специфики на земјоделството, агробизнисот и руралните средини, со цел прилагодување на кредитните услови, обезбедувањето и амортизациониот план).
- Државна поддршка за кредитирање:
- да се одржи и надополни Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд (ЗКДФ);
- да се дополнат механизмите за полесен пристап до кредити во земјоделството, агробизнисот и руралните средини, како субвенционирани каматни стапки (не само за проекти од ИПАРД), поволни комерцијални кредити преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБРП), поддршка на осигурувањето и слични мерки;
- поактивно да се поддржат младите и жените, како и земјоделските задруги, со дополнителни поволности при кредитирањето.
- Гарантен фонд:
- да се формира одржлив модел на државен фонд за гарантирање на дел од обезбедувањето на корисниците на кредит во земјоделството и агробизнисот.
- Структура на земјоделското земјиште:
- да се воведат модели за поддршка на консолидација на земјоделското земјиште од страна на државата (обезбедување на државни гаранции за хипотеките и кредити за консолидација и обесштетување, третман на необработено земјиште).
- Договорно производство и редовна и навремена наплата на побарувањата:
- доследно да се спроведуваат одребите од Законот за земјоделство и рурален развој и Законот за финансиска дисциплина.
- Други финансиски услуги врзани со земјоделството, агробизнисот и руралните средини:
- да се создадат законски и други услови за функционирање на други финансиски услуги (на пр. факторинг, финансирање на вредносни синџири, осигурување на побарувања, шеми за гарантирање на обезбедувањето, и сл.);
- да се подобри информираноста за алтернативните начини на финансирање.





